Безбедност

Еднакво сигурно колку изгревот на сонцето.

Откријте нов свет на безбедност. Напреден. Со помош. И полуавтоматски. Откријте го новиот SEAT Leon.

Помош при возење

Осветлете го секое место.

Комбинацијата од системи за помош при возење осигурува дека ќе бидете безбедни и здрави. Од моментот кога ќе излезете од Вашето место за паркирање, низ секоја кривина на патот, а дури и во итен случај - ние Ве чуваме.

Предвидлив ACC

Гледајте подалеку.

Користејќи го предниот радар за да го скенира патот, ACC (Адаптивниот Темпомат) постојано ја предвидува опасноста која следи. Без разлика дали се работи за автомобил кој доаѓа во Вашата лента или ризична кривина во која брзо влегувате, Вашиот Leon секогаш е подготвен да ја намали брзината. Системот користи камери и навигациски систем за да ги анализира кривините и ограничувањата на брзината во системот за контрола на брзината.

Препознавање на слепа точка

Тргнете. Имате зелено светло.

Препознавањето на слепа точка препознава возила кои се приближуваат надвор од Вашето видно поле до опсег од 70 m. А со предупредувањето за излегување можете да избегнете можни судири со други возила кога ја отворате вратата.

Систем за помош при патување

Патувајте повеќе. Возете помалку.

Овозможувајќи полуавтоматско возење со целосен опсег на брзина, системот за помош при патување исто така Ви помага да препознаете работи на патот и соодветно да ја приспособите брзината на Вашето возило.

Безбедноста на прво место

Сончевата страна на патот.

Систем за помош при излегување

Излегувате наназад? Бидете оптички и звучно известени за сите возила кои се приближуваат. Или доколку е потребно сопрете во својата лента.

Систем за помош пред судир

Користејќи сензори за да препознае критични ситуации, го подготвува возилото и неговите патници за можен судир со затегнување на појасите, затворање на прозорците и повеќе.

Систем за помош во итен случај 3.0

Доколку не се препознае интервенција од возачот, автомобилот самостојно ќе преземе контрола: ги активира предупредувачките сијалички, управува за да го задржи автомобилот во неговата лента и ги притиска сопирачките додека не застане.

Заштита со воздушни перничиња

Опуштено. Смирено. И со перничиња.

Безбедност на која можете да сметате. Новиот систем за воздушни перничиња на SEAT Leon е создаден за да Ве заштити од секој агол.

Сакате да дознаете повеќе за новиот SEAT Leon?