SEAT принципи за квалитет

„Ние сме SEAT, ние сме страсни перфекционисти “

SEAT е марка инспирирана од динамиката и младоста. Исто така создаваме и произведуваме доверливи и ексклузивни автомобили. Најважна цел на тимот е да ги воодушевиме нашите клиенти и да ги надминеме нивните очекувања. Сите оддели на компанијата се консеквентно насочени кон тие стратешки одредби.

Наша главна грижа не е само да доставиме подобар квалитет од нашите конкуренти кога се работи за доверливост и вредност, туку и да ги исполниме очекувањата на надворешните и внатрешните клиенти во сите сегменти на пазарот во кои сме активни.

Ефикасноста на процесирање го овозможува достигнувањето на целта и оптималното користење на ресурсите.

Со обуки и размена на знаење го осигуруваме постојаниот понатамошен развој на целиот наш тим. Затоа што вработените значајно придонесуваат за квалитетот на производите и за успехот на компанијата.

Исполнувањето на нашите еколошки барања и барања на компанијата е наш предуслов за да добиеме доверба, да го засилиме нашиот кредибилитет и да го промовираме имиџот на марката. Нашите кооперативни врски со доставувачи, дилери, акционери и други компании ја градат основата за стабилна и профитабилна работа на компанијата за сите инвеститори.

Вработените мислат на сите нивоа на хиерархија и делуваат во рамките на прописите на воспоставените процеси и на тој начин во рамките на нивните надлежности придонесуваат за остварување на целите на компанијата.

Во поглед на нашите конкуренти се разликуваме со иновативни, ефикасни и едноставни решенија за мобилност, кои ни овозможуваат уникатна позиција во автомобилската индустрија.