Мобилна гаранција

За повик од Македонија

0800 55 888

SEAT Мобилната гаранција автоматски започнува со продажбата на ново возило, се обновува со редовно одржување на возилото во овластената сервисна мрежа и е валидна 2 години од датумот на испорака на возилото.
Во случај на дефект, мобилната гаранција можете да ја активирате на следните телефонски броеви:
0800 55 888 | За повик од Македонија 
+ 389 2 26 00 266 | За повик од странство*

Услугата мобилна гаранција нуди:
/ Помош на лице место
/ Превоз на патниците и возилото до најблискиот овластен сервис
/ Обезбедување на заменско возило
/ Обезбедување услови за продолжување на патувањето со друг вид на превозно средство (автобус, воз…)
/ Сместување на патниците во хотел

Напомена

/ Мобилната гаранција не ги покрива трошоците за поправка на возилото
/ За најсоодветниот начин на помош одлучува дилерот
/ Правото на мобилна гаранција се докажува со заверена сервисна книшка
/ Се применува важечкото ограничување на обемот на бесплатните услуги

24 часа дневно, седум дена неделно 365 дена годишно на територија на цела Европа**
* се применува важечката цена на повикот
** освен Албанија и Турција