Безбедност

Неверојатно чувство на безбедност.

При создавањето на новиот SEAT Tarraco приоритет беше твојата безбедност. Благодарение на најмодерните безбедносни системи, за следната авантура си подготвен најдобро што може.

Систем за итен повик eCall

Не губи време.

Потешка незгода? Овој систем автоматски ја известува службата за спасување. Или едноставно притисни го копчето за да се јавиш сам.

Систем за препознавање на сообраќајни знаци

Не сакаш ништо да пропуштиш?

Биди информиран за она што доаѓа. Вградената предна камера ги регистрира ограничувањата на брзината и забраните за претекнување и истите ти ги прикажува.

Системи за помош на возачот

Довербата автоматски се стекнува.

Систем за помош при претстоен судир и систем за помош при превртување

Како мерки за претпазливост од заканувачка незгода, системот за помош при претстоен судир ги затегнува сигурносните појаси и ги затвора прозорците. А при превртување на возилото, системот за помош при превртување ги активира сите потребни системи, на пример eCall.

Front Assist

Доколку велосипедист ненадејно се најде пред автомобилот или возилото пред тебе ненадејно сопира, новиот SEAT Tarraco реагира со автоматско сопирање благодарение на "Front Asist".

Систем за помош при застој и систем за помош при одржување на коловозна лента

Системот за помош при застој го пресметува растојанието до другите автомобили и соодветно ја приспособува брзината. Системот за помош при одржување на коловозна лента се грижи возилото да не ја напушти коловозната лента.

Дознај повеќе за новиот SEAT Tarraco?