Секогаш будна.
Pre Crash системот за помош ги предвидува потенцијалните судири и реагира на нив со тоа што ги затегнува сигурносните појаси и ги затвора прозорците.
Сосема смирено.
Секогаш на безбедно растојание. Системот за предупредување за растојанието ги препознава возилата пред тебе и те предупредува со тон за напомена или со сигнален приказ.
Секогаш совршено во тековниот сообраќај.
Во комбинација со системот за навигација, овој систем ги препознава ограничувањата на брзината и соодветно на тоа ја прилагодува твојата брзина, додека истовремено се грижи и за безбедно растојание од другите учесници во сообраќајот.
Полусамостојно возење.
Секогаш и сè под контрола. Travel Assist ги обединува ACC и Lane Assist само со притискање на копче. Освен тоа, системот те предупредува доколку утврди дека дланките не ти се на воланот.
Те одржува на лентата.
Ги перципира ознаките на коловозот и те одржува на лентата, додека истовремено ја одржува прегледноста на сообраќајот од спротивната страна.
Најдобриот пријател на секој возач.
Ако возачот повеќе не реагира, системот за помош во итен случај го запира возилото и го предупредува возачот.