Сервис

Со секој сервис на возилото не само што придонесувате за Вашата активна безбедност, туку и се грижите за зачувување на вредноста на возилото.

Зошто е важен сервис?

Сервис за Вашиот автомобил

Со 130 km/h на автопат, ладен старт на -10° на зимски одмор или на +40° насока кон југ на море? За нас тоа се подразбира, но за Вашето возило е предизвик. Само техника, која редовно се сервисира од страна на специјалисти може да ги исполни овие барања. притоа опсегот на сервисирање може да се разликува според сопственикот на возилото и изминатата километража и може да содржи до 50 точки за проверка.

Важно да се знае околу сервисот

Кога доспева термин за сервис?

Налепница на внатрешната страна на вратата на возачот односно сервисните интервали на тахометарот потсетуваат во врска со следниот термин за сервис. Покрај тоа, во сервисната книшка е наведено кога досепва следниот сервис. Со доказ за задолжителните сервисни услуги автоматски добивате SEAT гаранција за мобилност.

Точки за проверка на сервисирањето
  • Замена на моторно масло, замена на филтер за масло

  • Проверка на нивото на средството за ладење и заштитата од замрзнување

  • Проверка на осветлувањето и сигналните уреди

  •  Проверка на поставувањето на фаровите

  • Проверка на функционирањето на уредот за прскање и миење на стаклата

  • Проверка на акумулаторот

  • Контрола на дебелината на гуртните на сопирачките напред и назад

  • Проверка на нивното на течност за сопирачкa

  • Контрола на состојбата и длабочината на профил на гумите

  • Проверка на притисокот на сите четири тркала и резервното тркало

  •  Ресетирање на сервисен интервал

  •  и многу повеќе

 
Ве молиме обрнете внимание на деталните информации во Вашиот SEAT план на сервис. Вашиот SEAT советник со задоволство детално ќе Ве информира за сите прашања во врска со сервисните интервали, како и за точниот опсег и трошоци на зафатите за проверка и сервисирање.

Кои се дополнителните зафати и кога се потребни?

Под дополнителни зафати во рамките на сервисот се подразбира замената на потрошени делови, која мора да се изврши во рамките на одреден интервал - според прописите на производителот. Тоа вклучува на пример замена на филтри и свеќички. Интервалите на замена измесуваат на пример 2,4 и 6 години односно 30.000, 60.000 или 90.000 километри зависно од моделот на возило.

Зависно од моделот и оперативните услови, може да биде потребно на пример филтерот за воздух да се замени порано. И тоа доколку возилото се движи во региони со многу прашина. Слично важи и за филтерот за гориво. Ако се точи дизел гориво со помал квалитет, може да се случи филтерот да мора да се замени пред фактичкиот интервал за замена.


Во рамките на сервисот, Вашиот SEAT внимателно се проверува од страна на нашите специјалисти за сервис според прописите на производителот - на тој начин постојано безбедно ќе пристигнувате до целта!

Опсег на дополнителни зафати

Зависно од изминатите километри, староста на возилото и користењето на потрошни делови, може да се потребни следните дополнителни зафати:

  • Замена на масло на менувачот
  • Замена на свеќички
  • Замена на филтерот за гориво кај возила со дизел мотор
  • Замена на филтрите за прав и полен
  • Чистење на куќиштето на филтерот за воздух и замена на филтерот
  • Замена на запчаници
  • Замена на течноста за сопирачките
  • и многу повеќе

Ве молиме обрнете внимание на деталните информации во Вашиот SEAT план на сервис. Вашиот SEAT советник со задоволство детално ќе Ве информира за сите прашања во врска со сервисните интервали, како и за точниот опсег и трошоците на зафатите за проверка и сервисирање.  

SEAT пакети со придобивки

За Вашето возило, постаро од 4 години, SEAT пакетите со придобивки нудат соодветни целосни понуди.