Делови & Додатоци
Запчест ремен

Менување запчест ремен

За време на животниот век на производот, оригиналните запчести ремени на SEAT поминуваат неверојатно долга патека. Запчестите ремени кои се конструирани од цврсто стакло и вештачки влакна гарантираат висока отпорност и притоа овозможуваат прецизно управување на моторот. Имајте доверба во оригиналниот квалитет на SEAT и во стручната монтажа од страна на обучените техничари на SEAT.

Познати како

Замена на запчест ремен

Запчестите ремени се потрошни делови. Тие при секој контролен сервис подлежат на проверка и во даден случај мораат да се обновуваат. Со оглед на тоа што запчестите ремени се постојано изложени на огромно оптоварување, на тие делови не треба да се штеди туку врз нив треба да се стави фокусот на доверливост и квалитет. Бидејќи еден изабен запчест ремен може да доведе до оштетување на моторот.

Што треба да знаете за запчестите ремени

Што придонесува запчестиот ремен во текот на својот животен век?

Запчестиот ремен ги поврзува коленестата и гребенастата осовина кои се наоѓаат во моторот. Без таа важна врска моторот нема да работи. За време на неговиот продуктивен живот, запчестиот ремен поминува патека од околу шест обиколувања на светот.

Која функција ја има запчестиот ремен

Запчестиот ремен ја пренесува силата од коленестата осовина на гребенастата осовина. На тој начин се отвораат и затвораат вентилите на моторот. Мешавината од гориво и воздух стигнува до просторот за горење, согорува и ги погонува клиповите. Честопати запчестиот ремен ја управува и пумпата за вода.

Зошто треба да се врши редовна контрола и навремено да се заменува запчестиот ремен?

Стар и многу истрошен запчест ремен може да се изаби и да предизвика оштетување на моторот. Причината: управувањето со вентилите на моторот излегува од тактот и клипот удира како куршум врз вентилот (честопати со 15 m/s). Во таков случај, најчесто мора да се замени целата глава на цилиндарот.

Кога е време за замена на запчестиот ремен?

Во зависност од моделот, моторот и условите на работа, според производителот може да се применат или фиксни интервали на замена или интервали на проверка. Фиксните интервали на замена најчесто зависат од изминатата километража и може да изнесуваат од 60.000 km до 210.000 km. Запчестите ремени кај бензинските мотори многу често подлежат на интервал на проверка, а техничарот во текот на таа проверка утврдува дали е потребна замена.

Дали да менувате сами?

Погрешно монтиран запчест ремен го оштетува моторот. Истовремено замената е комплицирана и стручна. Запчестите и водечките тркала мора да се совршено насочени и запчестиот ремен правилно да се затегне. Пумпата за вода, затезниот валјак и валјакот за вртење треба истовремено да се менуваат. Но, и покрај обемните стручни познавање, за замената е потребен и посебен алат. Вашиот сервис за SEAT со задоволство ќе Ве советува во врска со тоа!

Како да ја најдам вистинската понуда за мојот модел на возило?

Откријте ги нашите пакети со поволности на SEAT за моделите на возила постари од 4 години. Искористете ги предностите на поволните цени на пакетите со вклучено време и делови за вградување.

SEAT пакети со поволности

За Вашето возило, постаро од 4 години, SEAT пакетите со поволности нудат комплетни понуди по Ваша мерка.