Делови & Додатоци
Замена на ветробранско стакло
Беспрекорна видливост

SEAT оригинални ветробрански стакла

90% од сите информации релевантни за безбедноста се примаат за време на возењето преку очите. На тој начин, беспрекорната видливост низ предното стакло со што е можно помало прекршување, е највисок приоритет. Тоа и уште многу повеќе Ви гарантираат оригиналните ветробрански стакла на SEAT, кои се изготвуваат според препораките на производителот и земајќи ги предвид сите спецификации на серијата.

Најдобар квалитет и стручна монтажа

Предности на SEAT оригинално авто стакло

  • Висок визуелен квалитет

  • Одлична звучна заштита
  • Високо ниво на заштита од УВ-зраци
  • Максимална прецизност
  • Усогласеност со SEAT оригиналните метлички за бришачи

За дополнителни информации и понуда на цена за Вашето возило прашајте ги нашите партнери за SEAT. 

Авто стакло и метлички за бришачи

Авто стакло и метлички за бришачи

Што е опфатено со поимот "авто стакло"? Тоа е она стакло коешто се користи за ветробранските стакла, задните стакла, страничните стакла и во даден случај кровните стакла. Стаклата мора да бидат особено стабилни и отпорни за да овозможат идеална видливост и заштита. И покрај нивната висока стабилност, стаклата може да претрпат оштетувања. Најчесто тоа се случува поради удари од камен. Во зависност од видот на оштетувањето, често постојат многу едноставни решенија за да се отстрани проблемот.

Метличките за бришачи, во некои случаи именувани како гумички, се основен составен дел од опремата на едно возило, кои се грижат за добра видливост, пред сè при дожд. Кај метличките за бришачи се работи за гумениот дел на бришачот, којшто е поставен директно врз стаклото. Метличките многу се оштетуваат при честа употреба и мора редовно да се заменуваат. Најдобро, пред да биде попречена видливоста при возењето.

SEAT Clever Repair сервис

Поправка и замена на авто стакло

Авто стаклото се конструира со особена стабилност. Се работи за сигурносно стакло коешто тешко се оштетува. Сепак, секогаш може да дојде до тоа, стаклото да се оштети од камен или од друга цврста честичка, како на пример мраз. Неопходно е стаклото да се поправи што е можно поскоро, бидејќи во спротивно штетата се зголемува од промените во температурата, тресењата при движењето итн. и тоа може да доведе до потреба од замена на целото стакло што со себе би повлекло уште поголеми трошоци. Најдобро донесете го Вашиот SEAT кај партнер на дилерот заради практичен SEAT Clever Repair сервис, којшто ќе Ви заштеди како време така и трошоци.

Штети на стаклото

Видови штети на стаклото

Штетите на стаклото честопати настануваат поради удар од камен или мраз, но исто така за тоа може да се причина и незгодите или вандализмот. Штетата не може секогаш да се забележи веднаш. Поради тоа, ветробранското стакло потребно е од време на време да го проверувате од оштетувања. 

Поправка или замена?

Кај задните, страничните и кровните стакла, поради нивното монтирање, секогаш треба да се изврши замена. Кај ветробранските стакла важат следните критериуми при изборот помеѓу поправка или замена:

  • Најважното е: што е можно поскоро да отидете до сервисната работилница! Штом влажноста и нечистотиите видливо ќе продрат во стаклото, најчесто повеќе не може да се изврши поправка. Освен тоа, оштетувањето може многу повеќе да се зголеми со понатамошното користење на возилото.
  • На надворешната површина на стаклото се поправаат само оние оштетувања кои се најмалку 10 cm одвоени од работ, чијшто дијаметар е помал од монета од 2 евра и коишто се наоѓаат во полето на видливост на возачот.
  • Доколку е можна поправка, таа се извршува во рамките на SEAT Clever Repair сервисот во рок од кус период, а во зависност од моделот на осигурување можно е да бидат извршени и бесплатно. Ако не се исполнети критериумите, стаклото мора да се замени, што пак со себе повлекува поголеми трошоци.

Што треба да знаете за ветробранското стакло

Ветробранско стакло

Ветробранско стакло, уште наречено и предно стакло, е стакло коешто на возачот му го овозможува погледот кон напред. Тоа се грижи за доволен поглед кон патот и околината и штити од ветер, временски услови и инсекти. Најважно е тоа што ветробранското стакло е произведено до висококвалитетно стакло и е монтирано фиксно во каросеријата. За ветробранските стакла начелно се користи поврзувачко безбедносно стакло (VSG). Притоа, тука се работи за две стаклени плочи, кои се меѓусебно поврзани со пластичен меѓуслој. Посебна карактеристика на ова стакло е тоа што стаклото не мора секогаш да се заменува, туку може и да се поправи.

Замена на ветробранско стакло

Доколку не е можна поправка на ветробранското стакло, замената се врши од страна на стручни лица. Притоа, старото стакло се сече од лепилото и се прилагодува новото. По зацврстувањето на лепилото, автомобилот може повторно да се користи. Исто така и замената на задното и страничните стакла ја вршат стручни лица, кои најпрво ги отстрануваат остатоците од старото стакло, потоа го поставуваат и лепат внимателно новото, а притоа ја проверуваат и неговата функционалност, пред сè кај страничните стакла.

Бришачи и метлички на бришачи

Бришачите се од исклучително значење за безбедноста во возилото. Врз нив, пред сè, постои силно влијание од различните температури и временски услови и истите треба редовно да се проверуваат и заменуваат. Во лето, гумичките на метличката на бришачот честопати брзо стануваат порозни. Во зима, поради големата употреба доаѓа до нивно абење.

Освен тоа, бришачите во зима во никој случај не смеат да се употребуваат како "гребалки за мраз". Тоа доведува големи оштетувања и исто така може да го нагризе и стаклото. Доколку Вашето возило SEAT е веќе постаро од 4 години и досега не сте извршиле замена, крајно време е да го земете предвид пакетот со поволности на SEAT за замена на метличките на бришачите. Бидејќи на тој начин во Вашата сервисна работилница на SEAT ќе добиете нови соодветни метлички за бришачи по многу поволна цена.

Замена на метлички за бришачи

Замената на метличките на бришачите може да се одложува, ако гумичките редовно се чистат и се проверуваат од исеченици и други оштетувања. Сепак, и тоа има одреден рок: потоа метличките за бришачите ќе мора да се заменат. Ако Ви се потребни дополнителни информации во врска со замената на метличките за бришачите, со задоволство ќе Ви помогнат во сервисот на SEAT.

Задно, странично и кровно стакло

Останатите стакла на еден автомобил најчесто се состојат до еднослојно сигурносно стакло (ESG). Притоа, тука се работи за стабилно сигурносно стакло, коешто при кршење се распаѓа на многу мали составни делови кои поради тапите рабови не доведуваат до повреди. Разликата од стандардното стакло е во посебната стабилност наспроти механичките и термичките влијанија. Посебниот состав на ова сигурносно стакло е причина за тоа, задното и страничното стакло да не можат да се поправат, туку при оштетување да мора веднаш да се заменат.