Делови & Додатоци
Поправка на оштетувања на лак
Заштита на каросеријата

Поправка на оштетувања на лак

За сите сопственици на возила, оштетувањата на лакот се чест настан. Без разлика дали станува збор за удар од камен, помало или поголемо невнимание или пак оштетување причинето од страна на другите учесници во сообраќајот, опасности има безброј, па лакот брзо добива гребнатини или и полоши оштетувања.

SEAT оригинални производи за лак

Поправка на оштетувања на лакот

Оштетувањата на лакот не пречат само од естетски причини, туку тие може да предизвикаат и обемни поправки. Тоа зависи од тоа колку длабоко и големо е оштетувањето и колку време поминало до поправката. Ако предолго се чека, може да дојде до непријатно создавање рѓа. За среќа, постои можност малите оштетувања самите да ги поправите со оригиналните производи за лак на SEAT без да мора да се откажете од квалитетот. При поголеми оштетувања, ќе помогне само посетата на најблиската сервисна работилница на SEAT.

Заштита на каросеријата

Лак за возилото

Лакот за возилото не служи само за возилото да ја има омилената боја, туку ја има важната задача да го заштити металот на каросеријата од корозија. За таа цел, лакот мора да биде особено издржлив бидејќи автомобилот преку целата година е изложен на најразлични временски услови. Лакот гарантирано заштитува само доколку нема оштетувања. Поради тоа, гребнатините и поголемите оштетувања мора што е можно поскоро да се поправат. Покрај тоа, во никој случај не смее да се штеди на лакот за возилото и треба да се користат висококвалитетни оригинални производи на SEAT. Моделите на SEAT купени кај нашите дилери-партнери, се разбира веќе се исфарбани со нашиот новодизајниран лак, но оштетувањата за жал се дел од секојдневието. Нашите иновативни производи за поправка на лакот применуваат интелигентна технологија и овозможуваат возилото повторно да сјае како порано.

Категории на оштетувања

Оштетувања на лакот и на каросеријата

Оштетувањата на лакот најчесто одат заедно со оштетувањата на каросеријата. Само доколку оштетувањето е површинско, каросеријата не е засегната. Но, најчесто до оштетување на лакот доаѓа поради вдлабнатини и други деформации на каросеријата. Во принцип, се разликуваат следните категории:

  • Гребнатини
  • Лентовидни оштетувања
  • Оштетувања на металот
  • Оштетувања на пластиката
  • Корозија
  • Оштетени целосни делови (на пр. браник)
Оштетувања на лакот и на каросеријата

Препознавање и поправка на штети

За разлика од другите проблеми со возилото, како малите оштетувања на моторот или другите технички проблеми, оштетувањата на лакот често брзо се препознаваат. Често и возачот е во возилото кога настанува оштетувањето. Освен тоа, се исплати понекогаш да се обиколи возилото и да се провери лакот, особено доколку возилото подолго време било паркирано на јавен пат. Погрубите оштетувања на лакот и оштетувањата на каросеријата треба веднаш да се проверат и поправат во сервисна работилница за да се избегнат последователни оштетувања, а со тоа и поголеми трошоци. Во случај на површински гребнатини и лентовидни оштетувања, можете самите да си помогнете со висококвалитетните производи за поправка на лак на SEAT.

SEAT маркери и спрејови за лак

Мали оштетувања на лакот

При површински гребнатини и излижување на лакот, можете првичната поправка на оштетувањето на лакот самите да ја извршите со оригиналните SEAT маркери и спрејови за лак:

  • SEAT маркерите за лак се соодветни за мали, скоро незабележливи оштетувања на лакот, какви што најчесто настануваат на предниот дел на возилото од удари со ситни камења. Маркерите за лак ги има во сите тековни бои на SEAT.
  • SEAT спрејовите за лак може да ги користите кога местото е малку поголемо, но оштетувањето е сепак површинско.

Производите за поправка на лак на SEAT најчесто се во сет, за при поправката да може да се поправат и двата соја на лакот на возилото. Вториот слој на лак притоа служи меѓу другото како заштитен слој за заштита од временските услови.

SEAT Clever Repair сервис

Големи оштетувања на лакот

Доколку се работи за поголеми расцепувања на лакот или гребнатини на поголема површина во комбинација со вдлабнатини или други оштетувања на каросеријата, за жал маркерот или спрејот за лак нема да помогнат. Во тој случај Ви препорачуваме да договорите термин во сервисната работилница и оштетените делови да оставите да ги поправи експерт за SEAT во рамки на SEAT Clever Repair сервисот. Тој тогаш ќе провери и дали можеби со оштетувањето е засегнат и дел на каросеријата и мора да се замени.

Вашиот дилер на SEAT со задоволство однапред ќе Ве информира за обемот и трошоците на поправката.

Гарант за квалитет

Оригинален SEAT лак

Лакот е првото нешто што се забележува кога го гледате возилото. Тој го отсликува вкусот на сопственикот на возилото и остава впечаток кога полирано сјае во беспрекорна состојба. Она што во никој случај не сакате да го видите е непрофесионално поправен лак. Бидејќи доколку бојата отстапува дури и само за една нијанса, тоа веднаш се забележува. Со оригиналниот асортиман на лакови на SEAT, такво нешто сигурно нема да се случи бидејќи се достапни сите тековни бои на SEAT. Исто и бојата на Вашето возило. Совршената боја во комбинација со придобивките од модерната технологија на лакови, лакот на SEAT го прави особено отпорен на временски услови, издржлив и со брилијантна боја. Се исплати да му верувате на оригиналот.