Делови & Додатоци
Oсветлување на возилото
SEAT оригинални делови

SEAT осветлување на возилото

Дефектните сијалички на возилото треба веднаш да се заменат за да не се загрози безбедноста. Но, која сијаличка е правилната? 

SEAT осветлување на возилото

SEAT оригинални светла

Како сопственик на возилото, имате придобивки од оригиналните светла на SEAT:

  • SEAT оригиналните светла оптимално соодветствуваат на Вашето возило. Тие се прецизно усогласени на технологијата и на барањата.
  • Долготрајност: благодарение на прецизната усогласеност со возилото, светлата траат значително подолго.
  • Потрошувачка на енергија

За понатамошни информации и цени за Вашето возило, прашајте ги нашите вработени одговорни за делови.

Осветлување на возилото

Под осветлување на возилото се подразбираат сите извори на светлина со коишто располага возилото. Фаровите напред и назад, трепкачите и другите светла, претставуваат гаранција за безбедното учествување во патниот сообраќај и за себе и за другите учесници во сообраќајот. Освен тоа, тие се важен составен дел на дизајнот на возилото.

При незгоди, надворешното осветлување често претставува колатерална штета. Колку ќе чини поправката на засегнатите делови, зависи од оштетувањето.

За бојата на светлата на возилото постојат детални прописи. Тоа служи за унифицираност во патниот сообраќај и избегнување на можноста да се помешаат различните бои. Светлосните сигнали се значаен дел од успешното и безбедно меѓусебно поврзано учество во патниот сообраќај. Начелно, возилото располага со светла напред и одзади, коишто делумно може да се препознаат и отстрана. На предната страна на возилото стандардно се ставени две светла коишто може да извршуваат различни функции. На задната страна има задни светла коишто зависно од сигналот може да имаат различни бои. Освен тоа, зависно од моделот на возилото, има трепкачи на страната и дополнително стоп-светло на задното стакло.

Важно да се знае за осветлувањето на возилото

Фарови

Светлата на предниот крај на возилото се нарекуваат фарови и се секогаш наместени во пар. Фаровите смеат да емитираат само бела или жолта светлина и по правило ги имаат следните функции:

  • Соборено светло: за коловозот да го осветлите во темнина и/или слаба видливост, без да ги заслепите возилата отспротива.
  • Долго светло: силно, долго светло коешто треба да се користи само доколку не се заслепуваат другите учесници во сообраќајот.
  • Позиционо светло (гранично осветлување): свети заедно со собореното и долгото светло за и при нивни дефект да овозможи возилото да биде видливо.
  • Можни дополнителни функции: фарови за магла (смее да се вклучат само при одредени временски услови), светло за кривини, светло за паркирање и светло за дневно возење
  • Трепкачи (исто и показатели на насоката на возење)
Задни светла

Задните светла смеат да емитуваат само црвена или бела светлина, зависно од тоа кои од следните сигнали сакате да ги испратите: 

  • Задни светла: црвено задно светло коешто мора да се вклучи при темнина и слаба видливост.
  • Стоп-светла: секое притиснување на сопирачките се сигнализира со силно црвено светло коешто воочливо се емитува од задните светла. Многу модели на возила располагаат со дополнително стоп-светло на горниот средишен раб на задното стакло.
  • Трепкачи (како напред)
  • Фарови за возење наназад: бело светло коешто од една страна овозможува подобра видливост при возење наназад, а од друга страна на другите учесници во сообраќајот им сигнализира дека возилото вози наназад.
  • Задни фарови (со ретро-рефлексија)
  • Задни светла за магла (црвени)
  • Осветлување на регистарската табличка: за регистарската табличка да може да се препознае и во темнина, таа мора да биде осветлена со бела светлина.
Трепкачи

Индикаторите за насоката на возење, најчесто нарекувани трепкачи, се особено важни за да се овозможи непречен патен сообраќај. Тие недвосмислено покажуваат во која насока вози возилото. Вклучувањето на трепкачите е обврска и тоа на начин што другите учесници во сообраќајот ќе може недвосмислено да ги перципираат. И при вртење и при претекнување, тие се грижат за беспрекорен тек на сообраќајот и спречуваат непотребни ризици. Ако се вклучи трепкач, се гледа светлосен сигнал напред и одзади, кај некои возила и отстрана. Светлото трепка во портокалова боја или додека не се исклучи или додека управувачот повторно не се насочи право. Постои и функцијата да се извршат само неколку фази на трепкање по коишто трепкачот самиот ќе се исклучи што се докажа како особено корисно пред сè при менување на коловозната лента.

Оштетување / Проверка / Замена

Оштетување и замена

Светлата често се оштетуваат при незгоди или се расипуваат од други причини. Поради тоа, различните светла на моторните возила се така конструирани што дефектните сијалички може брзо и едноставно да се заменат.

Кај дилерот на SEAT кому што му верувате, може во рамки на SEAT Clever Repair сервисот брзо и поволно да Ви се извршат мали поправки на фаровите и да бидете спокојни со SEAT оригиналните делови.

Оштетување / Проверка / Замена

Проверка на светлата

Кај поновите модели на автомобили, борд компјутерот ги пријавува евентуалните оштетувања. Кај постарите модели, ќе мора повремено да одвојувате време за да ја проверите функцијата на сијаличките со тоа што една по една накратко ќе ги испробате.

Доколку постои оштетување, треба веднаш да посетите сервисна работилница на SEAT по Ваш избор, бидејќи секоја светилка си има своја функција и овозможува поголема безбедност во патниот сообраќај.

Видови осветлување

Осветлување на возилото

Кај моторните возила се користат различни извори на светлина. Најновите модели на SEAT се опремени со висококвалитетни производи на брендот и го осветлуваат патот за Вас. Зависно од тоа за кое светло се работи, се користат различни сијалички.

Видови осветлување

Сијалички со вжарено влакно

Сијаличките со вжарено влакно се докажани извори на светлина, коишто стандардно ги има пред сè кај малку постарите моторни возила. Во предните фарови се користат т.н. Bilux сијалички коишто може да зрачат и долго и соборено светло и чија светлина зрачи напред во бела боја. За задните светла и стоп-светлата, најчесто се употребуваат сијалички со две влакна, што дозволува комбинирано зрачење црвена светлина на двете функции.

Ксенонски фарови

Новитет во технологијата на фаровите е т.н. ксенонско светло. Ксенонските фарови навечер создаваат светлосен спектар сличен на дневната светлина и со тоа му ја подобруваат видливоста на возачот со што ја зголемуваат и безбедноста. Притоа, изворот на светлина е сијаличка со гасно празнење. За ксенонските фарови, потребна е комплексна технологија, но сепак се сметаат за исплатлива инвестиција поради малата потрошувачка на енергија и долготрајноста. Кај SEAT, најголемиот број од новите модели возила се достапни со модерни ксенонски светла или и со биксенонски светла коишто собореното светло и долгото светло може да ги емитуваат со еден фар.

 

Дали сакате да дознаете повеќе за ксенонското светло?

LED осветлување

Додека ксенонското светло како преден фар совршено се вклопува во вечерниот сообраќај, за задните светла и во внатрешното осветлување се користат LED сијалички. Со малата потрошувачка на енергија, брзата реакција, зафаќањето помал простор и долготрајноста, тие се одлични како задни светла и странични трепкачи. Тие се користат и за осветлување на предупредувачките индикатори на инструментната табла.

 

Дали сакате да дознаете повеќе за LED осветлувањето на возилото?