Делови & Додатоци
Моторно масло

Моторно масло : сè оди како подмачкано!

Вистинското масло не само што го заштитува моторот, туку и се грижи за подолг животен век на сите флексибилни делови. Оригиналното моторно масло на SEAT и моторното масло Castrol се посебно создадени за Ваша употреба.

Нашиот стандард

Врвен квалитет за врвни перформанси!

Главна задача на секое моторно масло е совршеното подмачкување на моторот. Моторното масло се грижи за намалување на механичкото триење на флексибилните делови на моторот. Во спротивно за кратко време сите метални делови ќе се потрошат. Предизвик притоа е, подмачкувањето да може да се овозможи при сите можни услови на температура. При студ, како и при топлина слојот на подмачкувањето не смее да се потроши дури и при целосно оптоварување. Со моторните масла кои Ви ги нудиме постојано се овозможува ефикасна работа на моторот и долг животен век на сите флексибилни делови на моторот!

Создадено за Вашиот мотор.

SEAT оригинално моторно масло со висок перформанс Longlife III

  • Специјално создадено за Вашиот мотор, ова масло се грижи за штедлива потрошувачка на гориво.

  • Поголема ефикасност со помало триење значи дека покрај подолгите интервали за замена на масло, во исто време се овозможува подолг животен век на моторот.

За максимален перформанс.

Castrol EDGE Professional LongLife III

  • За максимален перформанс со двојно засилен слој на масло.

  •  Нема триење на слојот на масло при екстремно оптоварување.

  • Со додавање на титаниум се добива погомена сила и помало трошење.

Кратенката на моторното масло разјаснува

Што значи 5W-30?

За кодовите на маслото да не Ви изгледаат комплицирано како нерешливи формули, овде се разјаснува нивното значење.

Буквата пред W  ги разјаснува карактеристиките на течење при студ. Колку помал е бројот, толку подобро моторното масло тече и се распределува при ниски температури.

W значи зима, односно соодветно за ниски температури.

Буквата после W ги опишува карактеристиките на течење при топлина. Колку помал е бројот, толку подобро се распределува маслото при 100 степени.