Делови & Додатоци
Bremsen
Оригинален SEAT квалитет

SEAT оригинални сопирачки

Дисковите за сопирачки, покрај облогите за сопирачки, се најсилно оптоварените потрошни делови на уредот за сопирање. Имајте доверба во оригиналниот квалитет на SEAT и во стручното монтирање од страна на нашите обучени специјалисти за SEAT. 

Квалитет и безбедност

Оригинални сопирачки

SEAT оригиналните сопирачки посебно се проверуваат за секој поединечен модел на SEAT. Со професионалното монтирање од страна на стручните вработени лица во сервисот на SEAT, оригиналните сопирачки на SEAT нудат многу поволности!

  • Исклучителен коефициент на фрикција помеѓу дискот и облогата. На тој начин се скратува патот на сопирањето
  • Добри перформанси и при повеќекратно силно сопирање
  • Мирно и бесшумно работење  - чувствителност на температура и при температури до 800° C
  • Рамномерно влијание на сопирачките во двете насоки на вртење на дискот за сопирачката
  • Добра способност за самостојно чистење

Што треба да знаете за сопирачките

Облоги за сопирачки

Облогите на сопирачките се составен дел на лежиштето на сопирачката и се дел од сопирачката, којшто најбрзо се изабува. Гуртните на сопирачките се наоѓаат на внатрешната страна од лежиштето на сопирачката и при сопирањето притискаат врз дискот на сопирачката, при што настанува триење и брзината на возилото се намалува.

Дискови на сопирачки

Речиси секое моторно возило е опремено со диск-сопирачки. Дисковите на сопирачките притоа во содејство со облогите на сопирачките се грижат за дејството на сопирачките. Металните дискови се поврзани со тркалата и се вртат заедно со гумата. Бидејќи дисковите на сопирачките се состојат од метал, а облогите на сопирачките од помек материјал, облогите се оние кои мора најчесто да се заменуваат. Во меѓувреме, кај спортските возила веќе постојат дискови на сопирачки од карбон, кои се одликуваат со особена цврстина. Доколку дисковите на сопирачките се особено тврди, може и облогите на сопирачките да се составени од малку потврд материјал, при што ќе се намали абењето.

Течност за сопирачки

Течноста за сопирачки игра значителна улога во процесот на сопирање и поради тоа истата треба редовно да се проверува. Со текот на времето, течноста за сопирачките впива вода од надворешниот воздух и на тој начин се намалува нејзиното дејство. Освен тоа, таа вода може да предизвика оштетувања од корозија, поради што течноста за сопирачките треба да се менува од страна на експертите на SEAT во редовни интервали. Во текот на сервисот на сопирачките, стручното лице од SEAT треба исто така да ја провери и температурата на течноста за сопирачки.

За оптимална безбедност при возењето

Поправка или замена на сопирачки

Доколку утврдите дека сопирачките на Вашето возило повеќе не функционираат беспрекорно, Ви препорачуваме што е можно поскоро да побарате сервисна работилница на SEAT за да спречите било каков ризик за безбедноста при возењето. Стручното лице во SEAT ќе го провери дефектот и потоа ќе Ве информира во врска со тоа дали е можна поправка или мора да се смени дел од системот за сопирање.

Трошоците за конкретниот зафат зависат од тоа кој дел од сопирачката е оштетен. Така на пример, потрошните делови како облогите за сопирачки се обновуваат многу побрзо и поповолно од лежиштето за сопирачката.

Видови на оштетувања кај сопирачките

Изабени облоги за сопирачки

Тоа се најчестите штети кои настануваат кај системите за сопирање. Облогите за сопирачки се изработени на тој начин, што ако многу се изабат, започнуваат за чкрипат. За да се произведе овој предупредувачки звук, изработени се метални маркери во гумите на сопирачките. Доколку облогата многу се истроши, металните маркери гребат по дисковите на сопирачките и создаваат звук. Доколку го слушнете овој звук, треба што е можно поскоро да побарате сервисна работилница на SEAT. Поновите возила располагаат со индикатор за изабеност, којшто светнува кога треба да се заменат облогите за сопирачки.

Течност за сопирачки

При зголемено искористување на сопирачките, се намалува нивото на течноста за сопирачки. Доколку таа го достигне минималното ниво, истата мора да се дополни.

Дискови за сопирачки

Исто така и малку стврднатите дискови за сопирачки по некое време ќе се изабат и тогаш истите мора да се заменат.

Лежиште на сопирачка

Во принцип, секој дел од системот за сопирање е потрошен дел. Сопирачките постојано се многу силно оптоварени. Кај деловите како што е лежиштето на сопирачките, поправката е неопходна, но сепак треба да се врши само во многу ретки случаи.

Корозија

Доколку автомобилот долго време стои на отворено при ветер и други временски услови, тоа може да доведе до корозија. До одреден степен корозијата може повторно да се отстрани со вообичаено сопирање. За да се отстранат поголемите нечистотии или корозија, треба, доколку тоа го дозволи ситуацијата во сообраќајот, почесто еднократно силно да се притисне на сопирачката.

Корисни тестирања

Тестирање на сопирачките

Доколку облогите на сопирачките чкрипат или ако светнува контролната сијаличка, тоа е јасен знак дека нешто не е во ред со сопирачките и дека мора да побарате сервисна работилница. Ако возилото влече настрана при активирање на сопирачката или без нејзино активирање, тоа може да упатува на дефектна или затегната сопирачка. Освен тоа, постојат и други корисни тестови, коишто може да Ви помогнат при утврдувањето на проблемите.

Проба на сопирачката во мирување

Пумпајте неколку пати и притиснете врз сопирачката околу 30 секунди. Треба да почувствувате отпор и педалот во никој случај не смее да попушти. Доколку сепак тоа се случи, тоа е предупредување за можен воздух или пропустливост во системот за сопирање.

Тестирање на рачната сопирачка

При повлечена рачна сопирачка возилото смее само тешко и полека да се помести од место. Задолжително тестирајте само накратко!

Тестирање на засилувачот на силата на сопирачките

Притиснете го педалот за сопирање и стартувајте го моторот, притоа педалот мора задолжително да попушти.

Тестирање на ABS/EPS системот

Контролните сијалички мора да светнат при стартување на моторот и потоа повторно да се изгаснат. Може да се изврши проверка на ABS-системот при соодветна ситуација во сообраќајот (да не постои загрозување на другите учесници во сообраќајот!), на тој начин што ќе извршите целосно сопирање, а најдобро на лизгава подлога. Притоа, педалот за сопирање мора јасно да вибрира.

Целосна понуда по Ваша мерка

SEAT пакети со поволности

Поправката и кај постари модели на SEAT исто така се исплаќа: за Вашето возило, кое е постаро од 4 години, пакетите со поволности на SEAT нудат целосна понуда по Ваша мерка.