Ние користиме cookies за да го направиме вашето искуство на нашиот вебсајт подобро.
Продолжи
Делови & Додатоци
AdBlue®
Технолошки напредок во однос на околината

AdBlue®

Без оглед на сите разлики на глобалните пазари за автомобили, кај сите пазари едно е заедничко: тековното засилување на законските стандарди за издувни гасови. Со SCR дизел технологијата можно е да се запазат строгите гранични вредности на издувните гасови на Европската Унија. Со помош на синтетички произведениот раствор со уреа AdBlue®, кој драстично ги намалува емисиите на азотни оксиди, се осигурува Euro 6. Со тоа дизел моторите на SEAT ги исполнуваат строгите стандарди на околината.

Видно помалку емисии

Како функционира AdBlue®?

  • Издувните гасови се водат низ катализаторот за оксидација и филтерот за дизел честички.

  • Се додава AdBlue®.

  • Со термичка реакција AdBlue® се разградува во амонијак.

  • Амонијакот реагира во SCR катализаторот со азотните оксиди, кои со тоа се трансформираат во составните делови азотен оксид и вода, кои не штетат на околината.

Совети

Важно да се знае за работата со AdBlue®

  • Ако резервоарот на AdBlue® е празен, моторот повеќе не може да се стартува! Навремено погрижете се резервоарот секогаш да е полн.

  • Наш совет: Едноставно дополнете AdBlue® кај Вашиот SEAT сервисен партнер. Тоа е брзо, чисто и поволно.

  • Кога мора да се дополни? За да не доживеете непријатно изненадување, предупредувачка напомена на борд компјутерот ќе Ве извести пред да мора да дополните AdBlue®.

Технологија која не штети на околината

Што е AdBlue®?

AdBlue® е синтетички раствор кој не штети на околината. Растворот се состои од ултра чиста уреа (32,5 %) и деминерализирана вода (67,5 %). AdBlue® производите кои ги нуди SEAT се гарантирани квалитетни производи, употребата на раствори со уреа со лош квалитет може да предизвика оштетувања на системот за издувни гасови (SCR катализатор).

Употреба на AdBlue®

Големината на AdBlue® резервоарот и местото на вградување на отворот за полнење се разликуваат од еден модел до друг. Потрошувачката зависи од стилот на возење, од оперативната температура на системот и од временските услови. Така на пример SEAT Alhambra е опремена со резервоар за AdBlue® од 17 литри. Отворот за полнење се наоѓа во багажниот простор.

Кога мора да се дополни AdBlue®?

Количината на наполнетост на AdBlue® резервоарот се надгледува електронски. На возачот на борд компјутерот му се прикажуваат три последователни предупредувачки напомени за дополнување AdBlue®. Идеално AdBlue® треба да се дополни при првото предупредување.

Каде може да се најде AdBlue®?

Препорачуваме AdBlue® резервоарот на Вашето возило да го дополнувате во стручна сервисна работилница. Овластените сервиси на SEAT не само што секогаш имаат AdBlue® на лагер, туку исто така и располагаат опремата потребна за чисто дополнување. Нашите обучени вработени во сервисот на SEAT со задоволство се тука за Вас!