SEAT повторно со рекордна продажба!

18.12.2019

SEAT го сруши својот историски рекорд на продажба веќе втора година по ред. Од јануари до ноември 2019 година, шпанскиот производител на автомобили испорача 542.800 автомобили ширум светот, што е за 10,3% повеќе отколку во истиот период претходната година. Со само еден месец до крајот на годината, SEAT веќе го надмина постигнатиот резултат во текот на целата 2018 година, кога продаде 517.600 возила и го сруши претходниот рекорд поставен во 2000 година.

Во ноември, SEAT исто така објави нов рекорд на продажба, откако оствари волумен од 44.100 автомобили, 1,9% повеќе отколку во ноември 2018 година. Со овој резултат, компанијата ја надмина својата најдобра бројка во ноември, која беше поставена во 2018 година (продадени 43.300 единици )

Според потпретседателот на SEAT за продажба, маркетинг и извршен директор на CUPRA, Вејн Грифитс, "Постигнувањето на најголем обем на продажба во 70-годишната историја на SEAT нè прави горди на работата што ја направивме во последните години, а особено во 2019 година. Предизвикувачката економска околина не спречи да го добиеме нашиот втор рекорд по ред и да објавиме двоцифрен раст. Испораките на CUPRA дадоа значителен придонес за овие резултати, а од јануари до ноември, продажбите пораснаа за 74,0% во однос на истиот период во 2018 година. Oваа година, CUPRA веќе продаде 22.800 автомобили".

Глобалниот рекорд на продажба во голема мерка беше поддржан од земјите каде SEAT веќе ги надмина своите најдобри резултати за цела година, како што се Германија, Велика Британија, Австрија, Швајцарија, Израел и Данска. Во Германија, главниот пазар на SEAT, компанијата порасна за 16,3%, продавајќи вкупно 125.700 возила; проследено со 8,4% во Велика Британија (65.100); 6,1% во Австрија (19.200); 20,5% во Швајцарија (12,000); 2,2% во Израел (9.100) и 47,7% во Данска (6.800).

Покрај тоа, SEAT ја одржуваше продажбата во Шпанија (испорачани 103.300 возила; 0%) и го продолжи своето лидерство на пазарот коe падна за близу 6%. Глобалните испораки пораснаа и на клучните пазари како Франција и Италија, каде SEAT порасна за повеќе од 20% (34.500; + 20,4%) и скоро 30% (24.500; + 28,4%), соодветно.

Понатаму, екстремно позитивни резултати беа постигнати и во Холандија (10.800; + 23,0%), Португалија (10.400; + 13,3%), Шведска (8.200; + 25,4%) и Ирска (4.100; + 11,4%). Во Мексико, најголемиот пазар на SEAT надвор од Европа, испораките пораснаа за 4,9%, за вкупно 22.300 автомобили.