Зимско тестирање – Инженерите на SEAT на Арктикот

07.12.2018

- Секоја година 150 техничари и инженери се упатуваат кон шведската Лапонија за да извршат близу 60 тестови и да поминат 30.000 км

- Клучот за работа на -25 степени е страста за автомобилите

-Седум наутро во локација во близина на Арктичкиот круг. Гонзало Гименез, шеф на системот за сопирачки и активни сигурносни системи во SEAT, ја проверува временската прогноза со надеж дека денот ќе биде сончев, барем кога надворешната температура ќе изнесува - 25 степени. Секоја година, до 90 возила одат на битка против снег, мраз и екстремни температури. Целта е да се гарантира дека сите системи функционираат правилно пред купувачите да ги поседуваат своите возила.