Преглед - Ateca | SEAT

SEAT ATECA

Euro-NCAP оценка

Волумен на багажниот простор:

до 510 литри

Комфор:

Електрична задна врата

Перформанси:

4DRIVE
SEAT ATECA

МОЖЕ ДА СЕ НАРАЧА И КОНФИГУРИРА ВЕДНАШ

SEAT Ateca го претвора вообичаеното во нешто исклучително. Одново ќе го доживеете Вашето секојдневие. Притоа, уникатниот дизајн и висококвалитетниот амбиент го прават урбаниот авантурист да биде Ваш совршен придружник.

Новото теренско возило на SEAT може да се нарача веднаш.

Моќен и ефикасен

ПОЧУВСТВУВАЈТЕ ЈА ОПТИМАЛНАТА ЕФИКАСНОСТ

Вашиот секојдневен пат до работа ќе стане уживање. Бидејќи SEAT Ateca убедува со својата исклучителна ефикасност и моќни перформанси. Израдувајте се на моторите со мала потрошувачка и голема влечна сила до 140 kW (190 КС) и на исто толку динамичното и прецизно задоволство при возењето по секаков терен.

Подобрени перформанси

САМОУВЕРЕНИ ВО ГРАД

Изберете ги временските услови

Уникатен во секаква средина. SEAT Ateca ги следи најновите трендови од техниката на автомобилската бранша. Градскиот сообраќај ќе Ви се претвори во уживање, кога напредната техника ќе Ви овозможи нов вид и начин на возење.

Надворешен дизајн

УРБАНА ЕЛЕГАНЦИЈА

НОВАТА SEAT ATECA

Конструиран, за да можете да уживате во Вашето секојдневие.

LED СВЕТЛО

Целосните LED-фарови го комплетираат модерниот дизајн и се грижат за уште поголема безбедност на патот.

ДИЗАЈН НА ФЕЛНИ

Ексклузивни 19” алуминиумски фелни се грижат за дополнителна елеганција

ПАНОРАМА ИЗДИГНУВАЧКИ ПОКРИВ

Внесете светлина во Вашето секојдневие со панорама издигнувачкиот покрив

ЗАДЕН ПРИКАЗ

Динамичен и препознатлив дизајн на Welcome Light

WELCOME LIGHT

Го олеснува патот до автомобилот во темнина

СТРАНИЧЕН ПРИКАЗ

Острите линии на дизајнот го заокружуваат изгледот на Ateca
Welcome Light

СЕКОГАШ ВО ФОКУСОТ

Да го најдете Вашиот автомобил на голем паркинг, може да биде вистински предизвик. Но, не и со новата функција Welcome Light, којашто лево и десно од возилото емитува светлосна силуета на тлото. На тој начин, барањето во темнина повеќе нема да претставува проблем. Но, само со Ateca.

Внатрешно осветлување

БОИ ЗА СЕКАКВО РАСПОЛОЖЕНИЕ

Изберете расположение.

Со внатрешното осветлување во повеќе бои во SEAT Ateca можете за секое возење да ја изберете вистинската боја и да го доживеете секојдневието од сосема нова перспектива. Осветлувањето е совршено интегрирано во облогата на вратите и нуди елегантна светлина за Вашиот внатрешен простор. Можете да избирате од палета со осум различни бои - од студено бела па сè до огнено портокалова - а дополнително слободно го избирате и интензитетот на светлината.

Внатрешен дизајн

ГРАДСКИ ЖИВОТ СО СТИЛ

SEAT Ateca е целосно опремен со висококвалитетни материјали, како на пример кожа на управувачот и на рачката од менувачот. За уште повеќе стил и квалитет, по желба се достапни и спортски обликуваните Alcantara-седишта. Секој дел од опремата на SEAT Ateca е произведен и изработен со највисока прецизност.

ИНСТРУМЕНТНА ТАБЛА

Највисок квалитет на површините и ергономски ориентирана спрема возачот. Инструментната табла на иднината.

ЗАДНИ СЕДИШТА

Дополнителното место значи и поголем комфор.

ПРОСТРАНОСТ НА ЗАДНИОТ ДЕЛ

510 литри волумен на багажниот простор. Повеќе од доволно место за да го живеете секој ден од животот, онака како што си го замислувате.

ALCANTARA ОБЛОЖУВАЊЕ НА СЕДИШТА

Обложен со комфорни и висококвалитетни материјали

КОЖЕН УПРАВУВАЧ

Висококвалитетни материјали до најситниот детаљ
ТЕХНОЛОГИЈА

ПАМЕТНО НА ПАТ

Менување на дисплеј

Уживајте во секој ден и останете сконцентрирани на патот. Преку Infotainment екранот на допир со големина од 8" инчи на SEAT Ateca ќе бидете поврзани со Вашиот паметен телефон на безбеден начин. Благодарение на ЅEAT Full Link можете безбедно да ги користите Вашите апликации и кога сте на пат со Вашето возило. Дополнително, тука е и најновата технологија во вид на уред за полнење на мобилен телефон без кабел. Ставете го едноставно Вашиот паметен телефон на индукциската површина и останатото оставете да го преземе SEAT Ateca.

SEAT ПРОФИЛ НА ВОЗЕЊЕ

ПОДВИЖЕН ВО СЕКАКВА СРЕДИНА

SEAT возните профили го оплеменуваат и оптимираат чувството при возењето. Ateca се прилагодува кон Вашето расположение и кон Вашите потреби со поставувањата  Normal, Sport, Eco и со индивидуалните можности. Дополнително, копчето Driving Experience во режимот 4Drive Ви овозможува да ги вклучите специјалните Off-Road функции.

Ние користиме cookies за да го направиме вашето искуство на нашиот вебсајт подобро.
Продолжи