Меѓу Австријците, за патување на одмор автомобилот сè уште е високо рангиран меѓу најдобрите превозни средства. Не е чудо, едноставно спакувајте се, земете ги децата и отпатувајте во Италија, Хрватска или други омилени дестинации. Ако отпатувате со автомобилот, Ви препорачуваме самостојно да направите кратка проверка, за без стрес да можете да пристигнете на дестинацијата за одмор. На крај, сепак одморот треба да биде за релаксација.
ПРИТИСОК ВО ГУМИТЕ Кога одите на одмор најмногу го товарите автомобилот. Затоа секогаш проверувајте го притисокот во гумите и прилагодувајте го на товарот. Точниот притисок во гумите ќе го најдете во упатството за употреба или на внатрешната страна на капакот на резервоарот. Освен тоа проверувајте го и профилот на гумите и резервното тркало (доколку го има).
ТЕЧНОСТИ Проверете го нивото на масло и дополнете го уредот за миење на стаклата.
ПРЕДУПРЕДУВАЧКИ ЕЛЕЦИ Во возилото треба да има предупредувачки појаси колку што има патници.
БРОЈ ЗА ИТЕН ПОВИК Во Македонија: 112
ПРАВИЛНО ПАКУВАЊЕ Тешките делови од багажот сместувајте ги надолу, не преоптоварувајте го автомобилот и носачот за багаж.