SEAT оригинални амортизери
Амортизерите во Вашиот SEAT ги апсорбираат нишањата и се грижат за поголем комфор и безбедност при возењето. Дознајте повеќе за амортизерите, како навремено можете да ги препознаете и отстраните оштетувањата.
Поправка на амортизери
Оштетените амортизери го зголемуваат безбедносниот ризик, бидејќи на тој начин се продолжува патот при сопирањето и се намалува возната стабилност. Поради тоа, тие треба што е можно поскоро да се заменат. SEAT оригиналните амортизери се оптимално прилагодени на Вашето возило и се грижат за безбедно чувство при возењето.
Амортизерот
Возилото има четири амортизери, по еден на секое тркало. За да се овозможи безбедност при возењето и со високи брзини, сите амортизери мора да функционираат беспрекорно. Дури и при само еден дефектен амортизер, опасноста од незгоди е значително поголема, пред сè во екстремни ситуации, како на пример при целосно сопирање од голема брзина, при возење по влажен коловоз од дожд и слично.
Поради тоа, амортизерите треба задолжително редовно да се проверуваат во сервисната работилница на SEAT и да се заменуваат во одредените интервали за нивна замена.
Абење на амортизерите
Амортизерите се абат поради постојаното оптоварување при возењето. Абењето може дополнително да биде забрзано поради следните фактори:
- Тежок товар
- Дополнително оптоварување со приколка
- Екстремен (спортски) начин на возење
- Лоши патишта
Амортизерите треба на редовни интервали да се проверуваат во рамките на контролната проверка на сервисната работилница. Притоа, освен визуелна проверка треба исто така да се изврши и проверка на функционирањето.
Оштетувања и поправка на амортизерите
Препознавање дефекти кај амортизери
Доколку амортизерите повеќе не функционираат правилно, доколку се занишуваат при секоја нерамнина, при сопирање и забрзување, како и при запирање и ако возачот почнува да ја губи контролата врз возилото.
Други негативни последици од оштетени амортизери:
- Подолг пат на сопирање, пред сè при нерамен коловоз
- Зголемена опасност од лизгање во кривини
- Преран аквапланинг
- Намалена прилепеност до подлогата при препреки
- Силно абење на пружините и лагерите на тркалата
- Лошо водење по лента
- Изменето однесување при возењето
- Ограничено дејство на електронските системи за регулирање како ABS и ESP
Замена на амортизери
Ако амортизерот е во дефект, истиот треба задолжително да се провери во стручна сервисна работилница и ако е потребно да се замени. При замена начелно секогаш истовремено се менуваат двата амортизери на една оска (напред или назад). Тие се усогласени еден со друг и мораат да имаат исто дејство.
Притоа, Вашиот сервисен партнер за SEAT знае точно, на што треба да се внимава при менувањето на амортизерите.