SEAT осветлување на возилото
Дефектните сијалички на возилото треба веднаш да се заменат за да не се загрози безбедноста. Но, која сијаличка е правилната?
SEAT оригинални светла
Како сопственик на возилото, имате придобивки од оригиналните светла на SEAT:
- SEAT оригиналните светла оптимално соодветствуваат на Вашето возило. Тие се прецизно усогласени на технологијата и на барањата.
- Долготрајност: благодарение на прецизната усогласеност со возилото, светлата траат значително подолго.
- Потрошувачка на енергија
За понатамошни информации и цени за Вашето возило, прашајте ги нашите вработени одговорни за делови.
Осветлување на возилото
Под осветлување на возилото се подразбираат сите извори на светлина со коишто располага возилото. Фаровите напред и назад, трепкачите и другите светла, претставуваат гаранција за безбедното учествување во патниот сообраќај и за себе и за другите учесници во сообраќајот. Освен тоа, тие се важен составен дел на дизајнот на возилото.
При незгоди, надворешното осветлување често претставува колатерална штета. Колку ќе чини поправката на засегнатите делови, зависи од оштетувањето.
За бојата на светлата на возилото постојат детални прописи. Тоа служи за унифицираност во патниот сообраќај и избегнување на можноста да се помешаат различните бои. Светлосните сигнали се значаен дел од успешното и безбедно меѓусебно поврзано учество во патниот сообраќај. Начелно, возилото располага со светла напред и одзади, коишто делумно може да се препознаат и отстрана. На предната страна на возилото стандардно се ставени две светла коишто може да извршуваат различни функции. На задната страна има задни светла коишто зависно од сигналот може да имаат различни бои. Освен тоа, зависно од моделот на возилото, има трепкачи на страната и дополнително стоп-светло на задното стакло.
Оштетување и замена
Светлата често се оштетуваат при незгоди или се расипуваат од други причини. Поради тоа, различните светла на моторните возила се така конструирани што дефектните сијалички може брзо и едноставно да се заменат.
Кај дилерот на SEAT кому што му верувате, може во рамки на SEAT Clever Repair сервисот брзо и поволно да Ви се извршат мали поправки на фаровите и да бидете спокојни со SEAT оригиналните делови.
Проверка на светлата
Кај поновите модели на автомобили, борд компјутерот ги пријавува евентуалните оштетувања. Кај постарите модели, ќе мора повремено да одвојувате време за да ја проверите функцијата на сијаличките со тоа што една по една накратко ќе ги испробате.
Доколку постои оштетување, треба веднаш да посетите сервисна работилница на SEAT по Ваш избор, бидејќи секоја светилка си има своја функција и овозможува поголема безбедност во патниот сообраќај.
Осветлување на возилото
Кај моторните возила се користат различни извори на светлина. Најновите модели на SEAT се опремени со висококвалитетни производи на брендот и го осветлуваат патот за Вас. Зависно од тоа за кое светло се работи, се користат различни сијалички.