SEAT оригинални сопирачки
Дисковите за сопирачки, покрај облогите за сопирачки, се најсилно оптоварените потрошни делови на уредот за сопирање. Имајте доверба во оригиналниот квалитет на SEAT и во стручното монтирање од страна на нашите обучени специјалисти за SEAT.
Оригинални сопирачки
SEAT оригиналните сопирачки посебно се проверуваат за секој поединечен модел на SEAT. Со професионалното монтирање од страна на стручните вработени лица во сервисот на SEAT, оригиналните сопирачки на SEAT нудат многу поволности!
- Исклучителен коефициент на фрикција помеѓу дискот и облогата. На тој начин се скратува патот на сопирањето
- Добри перформанси и при повеќекратно силно сопирање
- Мирно и бесшумно работење - чувствителност на температура и при температури до 800° C
- Рамномерно влијание на сопирачките во двете насоки на вртење на дискот за сопирачката
- Добра способност за самостојно чистење
Поправка или замена на сопирачки
Доколку утврдите дека сопирачките на Вашето возило повеќе не функционираат беспрекорно, Ви препорачуваме што е можно поскоро да побарате сервисна работилница на SEAT за да спречите било каков ризик за безбедноста при возењето. Стручното лице во SEAT ќе го провери дефектот и потоа ќе Ве информира во врска со тоа дали е можна поправка или мора да се смени дел од системот за сопирање.
Трошоците за конкретниот зафат зависат од тоа кој дел од сопирачката е оштетен. Така на пример, потрошните делови како облогите за сопирачки се обновуваат многу побрзо и поповолно од лежиштето за сопирачката.
Тестирање на сопирачките
Доколку облогите на сопирачките чкрипат или ако светнува контролната сијаличка, тоа е јасен знак дека нешто не е во ред со сопирачките и дека мора да побарате сервисна работилница. Ако возилото влече настрана при активирање на сопирачката или без нејзино активирање, тоа може да упатува на дефектна или затегната сопирачка. Освен тоа, постојат и други корисни тестови, коишто може да Ви помогнат при утврдувањето на проблемите.
SEAT пакети со поволности
Поправката и кај постари модели на SEAT исто така се исплаќа: за Вашето возило, кое е постаро од 4 години, пакетите со поволности на SEAT нудат целосна понуда по Ваша мерка.