Од елегантни до спортски
Сеедно дали го претпочитате спортскиот или елегантниот настап - стилските фелни од лесен метал од оригиналните додатоци на SEAT го нудат вистинскиот дизајн за сечиј вкус.
Решенија за секаков багаж
Било да е за на одмор, слободно време или спорт. Со решенијата за транспорт на SEAT секогаш го имате при рака сето она што ви е важно. Носачот за кровен багаж е основата за понатамошните додатоци за транспорт, како на пример практичните носачи за велосипеди. Ако имате прашања, вашиот сервисен советник од SEAT со задоволство ви стои на располагање.
Технологија на највисоко ниво
Најмодерната технологија кај SEAT не се крие само под хаубата на моторот, туку и во внатрешниот простор. На тој начин, адаптерите за паметниот телефон и музичкиот плеер се грижат за највисоко ниво на конективност. Со уредот за разговор со слободни раце можете едноставно да се сконцентрирате на сообраќајот и истовремено да разговарате на телефон. Достапните навигациски уреди притоа секогаш ви го покажуваат најбрзиот пат до целта.
Живејте разнолико.
Од управувачот, подните простирки па сè до праговите за влегување и рачката на менувачот - секој детаљ е совршено прилагоден на твојот вкус.