Актуелни

SEAT ја зголеми продажбата за 10.5%

2014-11-19

/ Успехот на ST ги зголеми испораките на Leon за речиси 60%
/ Велика Британија, Германија, Шпанија и Источна Европа се двигатели на растот

/ Нови 600 вработувања, поради зголемување на производството


SEAT продолжува да расте и во 2014 година и тоа за 10%.  Брендот го заврши третиот квартал од годината со раст од 10,5% со испорачани 294 000 возила, што е за 27 900 повеќе возила во однос на истиот период во 2013 година кога беа испорачани 266 100 автомобили со знакот SEAT. Овој раст се должи на непрекинатата продажба на SEAT Leon. Испораките кај А сегмент се зголемија за 57,9%, или вкупно 115 700 возила. Минатата 2013 година во тој сегмент беа испорачани 73 200 возила. Од SEAT Leon ST, караванската изведба на Leon, кој на пазарот се појави кон крајот на 2013 година,   продадени се  32 700 возила. Испорачани се вкупно 17 000 возила SEAT Alhambra, за споредба во 2013 година беа испорачани 14 100 автомобили Alhambra, што е речиси 3000 возила, односно 21% повеќе во споредба со периодот јануари - септември 2013 година.

 

 

Претседателот на SEAT Јирген Штакман изрази огромно задоволство од постигнатите резултати и изјави: "Веќе втора година по ред, ние ги зголемуваме испораките за 10% и очекуваме растот да продолжи и во четвртиот квартал. Семејството SEAT Leon има голем успех, а во четвртиот квартал ние на новиот   X-PERIENCE  ќе му дадеме нов  off-road  изглед. Leon е вториот најважен столб на брендот SEAT".

Ние користиме cookies за да го направиме вашето искуство на нашиот вебсајт подобро.
Продолжи