Актуелни

SEAT го претстави новиот концепт 20V20

2015-03-15

Претседателот на SEAT Јирген Штакман го претстави новиот концепт 20V20 за време на гала настанот"Ноќта на групацијата Volkswagen", со која се најавува отворањето на автомобилскиот саем во Женева.

SEAT 20V20 (име кое асоцира на визијата 2020) обезбедува јасна слика за тоа на кој начин брендот ќе влезе во еден нов сегмент со исклучително моќно спортско корисно возило SUV. Силуетата на овој концепт автомобил систематски го открива развојот на заводничкиот дизајнерски јазик на шпанскиот автомобилски производител SEAT. 20V20 повторно го открива SUV концептот кој естетиката и задоволството при возење автомобил ги носи на највисоко ниво а во исто време го редефинира спортскиот дух.
 
Говорејќи на гала настанот"Ноќта на групацијата Volkswagen", Јирген Штакман изјави: концептот 20V20 ја прикажува иднината на брендот SEAT. Преку овој концепт автомобил ние го прикажуваме развојот на новиот дизајнерски јазик на нашиот бренд. Ние во SEAT создаваме автомобили кои се полни со емоција и кои се барани од клиентите, тие имаат цврст карактер, иновативен дизајн, модерна технологија, квалитет, прецизна изработка и пристапна цена. Сите тие вредности, кои го карактеризираат SEAT, целосно го одвојуваат брендот од конкуренцијата. Ние сме но и понатаму ќе останеме првиот избор за клиентите кои имаат млад дух и динамичен карактер".

 

 

Ние користиме cookies за да го направиме вашето искуство на нашиот вебсајт подобро.
Продолжи