Актуелни

Италијанската полиција му верува на SEAT Leon

2015-07-03

SEAT потпиша договор со Италијанската полиција за снабдување на италијанската Polizia di Stato и карабинерите со нови автомобили
- Флота од моделот Leon 2.0 TDI 150 ks,
со високо ниво на опрема ќе им биде на располагање на италијанската полиција.
- Брендот SEAT
забележа раст кај флотната продажба во светски рамки

SEAT го доби договорот за снабдување на возниот парк на италијанските полициски сили со нови автомобили SEAT Leon. Првите 206 возила веќе се предадени во Верона, 106 возила ќе им бидат на располагање на карабинерите, а 100 возила на државната полиција Polizia di Stato. Генерално, договорот вклучува испорака на 4.000 возила во текот на следните три години. Во првата година ќе бидат испорачани вкупно 925 автомобили, 475 за "пантери" за Polizia di Stato и 450 "газели" за карабинерите.

 

 

Новите италијански полициски автомобили се SEAT Leon со пет врати и со 2.0 TDI мотор со моќност од 110 kW / 150 КС. Возилата за спроведување на законот, треба да поседуваат голема моќност со висок вртежен момент како што е примерот со новите SEAT Leon кои напред и позади ќе бидат блиндирани против оган од малокалибарско оружје.

Ние користиме cookies за да го направиме вашето искуство на нашиот вебсајт подобро.
Продолжи