Ние користиме cookies за да го направиме вашето искуство на нашиот вебсајт подобро.
Продолжи

Актуелни

Новиот SEAT Ateca – Стил, динамика и SUV перформанси за урбана авантура

2016-02-12

SEAT го претстави првиот SUV модел во својата гама. Новиот SEAT Ateca е уникатна комбинација на специфичен дизајн, динамично и забавно возење, флексибилност и одлични SUV перформанси. Поврзување на највисоко ниво, иновативни системи за помош, избор на режимот на возење и високо ефикасните мотори се само дел од новите технологии кои  го прават новиот  SEAT Ateca еден од најиновативните спортски автомобили во сегментот. Со извонреден квалитет, производствена прецизност и одлична цена за вредноста , Ateca е вистински SEAT. Агилен и темпераментен, прецизен и забавен, со  новиот  SUV  Ateca секој ден и секој километар се повеќе од доживување.

" SEAT Ateca е следниот значаен столб на брендот по успешните Leon и Ibiza. SUV сегментот ни нуди огромни можности, со што продажбата во западна Европа ќе порасне за 25% ", изјави Лука де Мео, претседател на одборот на SEAT  S.A. и додаде: "Покрај тоа, првиот SUV на SEAT ќе биде клучен фактор за подобрување на претставата за брендот. Тој е нашиот клучен предизвик."

Продажбата на SEAT Ateca започнува оваа пролет, и веднаш ќе биде понуден во повеќе варијанти. Клиентите имаат можност да изберат еден од моќните турбо бензински TSI и TDI дизел мотори кои имаат моќност од 85 kW до 115 КС односно од 140 kW до 190 КС, со погон на предни тркала или со погон на сите тркала, мануелен или автоматски DSG менувач со двојна спојка. Широк спектар на технологии, целосни LED предни светла  и широко портфолио на системи за помош, информативно забавен систем од најновата генерација со 8-инчен екран чувствителен на допир и целосно поврзување. Кај новиот модел ќе бидат понудени три нивоа на опрема со врвен квалитет и голем избор на бои и материјали за сечиј вкус, кои ќе придонесат за целосно Ateca доживување.

" Ateca е возило со чист емотивен дизајн со јасна SEAT ДНК со исклучителен внатрешен квалитет. Кај новиот SUV инсталиравме неверојатен пакет на технологии и иновации за поголема безбедност и полесна комуникација и пред сè, динамично возење и исклучително возачко искуство", изјави д-р Матијас Рабе, потпретседател на SEAT  S.A.  одговорен за истражување и развој. "Навистина, ние поставиме нов стандард во рамките на сегментот, прецизност, завршна  обработка  и неверојатна способноста за возење на сите патишта и услови."

SEAT во согласност со традицијата, името  Ateca го доби по местото Ateca во Шпанија кое се наоѓа во западниот дел на Сарагоса во срцето на Пиринејскиот  Полуостров.