Ние користиме cookies за да го направиме вашето искуство на нашиот вебсајт подобро.
Продолжи

Трите SUV возила на SEAT прв пат заедно во Барселона

02.07.2019

"Новата SEAT Ateca игра клучна улога во нашата нова бренд стратегија. Моделот Ateca ја поттикна најголемата производна офанзива во историјата на SEAT." Ова беа зборовите на претседателот на Извршниот комитет на SEAT, Лука де Мео за време на лансирањето на првото SUV возило во 2016 година.
Две и пол години подоцна неговите намери се исполнети, а денес SEAT има три модели во својот SUV опсег, сите модели ја делат истата ДНК, но секој има свој посебен карактер. Денес за првпат SUV возилата заедно во градот каде што се создадени.

Дизајн создаден во Барселона - Дизајнот е одлучувачки фактор за 65% од купувачите кои купуваат SUV возило. Во однос на SEAT моделите, сите имаат заедничко потекло од Барселона.
"Сите три возила можеа да се создадат само во овој град", според директорот за дизајн на SEAT, Алехандро Месонеро-Романос. Со елеганција, блескавост и љубов кон деталите како споделени карактеристики, секој модел има свои уникатни особености. На пример, моделот Arona може да се пофали со силен карактер на кросовер, со 68 можни комбинации на бои, Ateca се одликува со нејзината елегантна силуета, додека Tarraco го пренесува својот карактер благодарение на дизајнот на неговата предница, што укажува на она како ќе изгледаат идните моделите на SEAT.

Мотори кои одговараат на сите потреби - Со излезни перформанси кои се движат од 95КС на моделот Arona до 190КС на моделот Tarraco, трите SUV возила нудат широк спектар на мотори кои гарантираат перформанси, ефикасност и сигурност. Покрај тоа, Arona е првиот модел во својот сегмент кој нуди мотор со природен гас (CNG), додека Tarraco ќе располага со Plug-in хибридна верзија. Најголемиот SUV модел на SEAT претставува ремек-дело во однос на функционалноста и флексибилноста, уверува потпретседателот на SEAT за истражување и развој д-р Матијас Рабе.

Безбедноста највисок приоритет - Систем за асистирање при сообраќаен метеж, систем за одржување на коловозна лента, адаптивен темпомат, функција за сопирање во итни случаи... Ова се само неколку од најсовремените безбедносни системи кои се вградени во SUV возилата на SEAT и кои ја покажуваат посветеноста на брендот да даде приоритет на безбедноста и да го олесни возењето. Понатаму, моделот Tarraco го подигнува нивото многу повисоко преку вклучување системи за препознавање на пешаци и велосипедисти.

Поврзани со иднината - За 28% од луѓето кои купуваат автомобил, конективноста е примарна карактеристика. SEAT интензивно работи на понудата на најдобри решенија, за да одговори на зголемената дигитализација на нашето окружување, а трите SUV возила го демонстрираат ова. Од една страна со дигитален кокпит и 8 инчен екран, а од друга страна, целосна конективност. Овој систем ги поврзува паметните телефони со автомобилот преку Apple Car Play, Android Auto и Mirror Link за да гарантира поврзаност на безбеден начин.