Ние користиме cookies за да го направиме вашето искуство на нашиот вебсајт подобро.
Продолжи
Одржливост

ОДРЖЛИВОСТ: ИДНИНАТА ЗАПОЧНУВА СЕГА

Со секое поединечно возило што го развиваме, ја преземаме и одговорноста за нашата околина. На тој начин ги создаваме не само самите возила, туку и фазата на нивното производство со што е можна поголема заштеда на ресурсите.

SEAT al Sol

СИСТЕМ ЗА СОЛАРНА ЕНЕРГИЈА: SEAT AL SOL

Со површина од 276.000 m² го имаме најголемиот систем за соларна енергија на автомобилската индустрија - а со тоа и две фабрики во една: фабрика за возила и фабрика за електрична енергија. На тој начин, нашите емисии на CO 2 можеме да ги намалиме за 7.000 тони годишно.

Одговорност

ОДГОВОРНОСТ: СЛЕДНАТА ГЕНЕРАЦИЈА

Во изминатите 50 години повеќе од 2.500 нови вработени ја завршија програмата на обука  кај SEAT Шпанија. Притоа, искусните техничари го споделуваат своето знаење и способности и со следните генерации.

Top Job сертификат

TOP JOB СЕРТИФИКАТ: ИЗВОНРЕДНО РАБОТНО МЕСТО

Светот на SEAT крие безброј можности. Токму за тоа SEAT Германија беше одликуван како Top-работодавач. SEAT Шпанија во 2015 година беше дури и наградена како еден од најдобрите работодавачи во земјата

Мотори

ДА ПРИДОНЕСЕМЕ ПОВЕЌЕ ЗА ОКОЛИНАТА

1
2
3
4
1
ИСКЛУЧУВАЊЕ НА АКТИВНИ ЦИЛИНДРИ

При низок до среден број на вртежи, како и при мало забрзување. Два до четири цилиндри се исклучуваат, за да се зголеми енергетската ефикасност.

2
TGI МОТОРИ

Овој мотор со јачина од 81 kW (110 КС) може со својата комбинација од природен гас (CNG) и безоловен бензин да совлада до 1.360 километри без запирање за точење гориво.

3
ECOMOTIVE

ECOMOTIVE моделите на SEAT нудат ниска потрошувачка на гориво со мала емисија на

 

CO2. На тој начин, просечно ќе трошите помалку гориво на секаква патека.

4
ECOTSI МОТОРИ

Откријте ги нашите моќни EcoTSI мотори, со коишто благодарение на малата емисија на CO2 ќе возите во својот автомобил со чиста совест.

Поголема вредност

ЕКОНОМИЧНОСТ: ВРЕДНОСТИ СО ПОГОЛЕМА ВРЕДНОСТ

Нашата еколошка филозофија е повеќе од убаво надворешно претставување. Кон еколошкото се приклучува и економското значење за регионот: SEAT Шпанија вработи 14.000 нови вработени и дополнителни 56.000 како доставувачи и вработени во услужните дејности.