Ние користиме cookies за да го направиме вашето искуство на нашиот вебсајт подобро.
Продолжи
КВАЛИТЕТ

СОВРШЕНИОТ ТИМ

Ние сме перфекционисти и знаеме, дека често пати само еден мал детаљ прави голема разлика. И бидејќи истиот детаљ би можел навистина да биде секој елемент, се грижиме за тоа, едноставно сè да има најдобар квалитет.

ФАБРИКА

РОБОТИ ШТО ТАНЦУВААТ

Секој од нашите 2.000 роботи се движи апсолутно синхронизирано при монтажата на возилата и на тој начин на нашите возила им гарантира квалитет и совршенство. Под постојана контрола на нашите вработени, тие работат со прецизност, која наликува на совршена кореографија.

Изведба на линиите

УНИКАТЕН И ПРИВЛЕЧЕН

Во процесот на дизајнирање на SEAT, малите нијанси се оние што ја прават големата разлика: поради тоа, изведбата на линиите на нашите модели со динамични детали и акценти е уникатна како и Вие. За атрактивно и индивидуално доживување на возењето.

Производство на возила

КВАЛИТЕТ ШТО СЕ ЧУВСТВУВА

ОКО ЗА ДЕТАЛИ

Веднаш штом еден модел ќе ја напушти фабриката, нашите експерти проверуваат сè на него до детаљ: од светлата па сè до крилата, од вратите до прозорците.

СО КРИТИЧКИ ПОГЛЕД

Доколку каросеријата е целосно завршена и лакирана, нашите експерти со голема концентрација го проверуваат монтирањето на поединечните делови, за да се загарантира совршенство од почеток до крај.

СО ГОЛЕМО ВНИМАНИЕ

Кога најпрво ќе се комплетира конструкцијата на структурата, каросеријата се спојува со сите механички компоненти. Но, претходно каросеријата се конзервира со восок, за можните оштетувања да се направат речиси невозможни.

ВО СИГУРНИ РАЦЕ

И покрај тоа што најмодерната технологија кај SEAT се грижи за брзо и ефикасно производство: прецизната и совршена рачна работа извршена од луѓе е она што нашите возила ги прави да бидат нешто посебно, почнувајќи од тркалата од лесен метал па сè до инструментната табла.

СОВРШЕНА ФИГУРА

Доколку поединечните делови на каросеријата се изготвени со машина за пресување, истите, од страна на нашите експерти за производство, се поврзуваат градејќи ја структурата на ЅЕАТ моделот. Дури и во тој момент може да се забележи привлечната изведба на линиите на SEAT.

СТРАСТ ВО ФИНИШОТ

Нашите вработени во производството работат со помош на најновите технологии, за да постигнат вистинско совршенство. Така, дури по инсталацијата на инструментната табла, седиштата и на останатата опрема во внатрешноста, се поставуваат вратите за да се избегнат оштетувања.

ДОБИВА ОБЛИК

Секој следен чекор во процесот на производството е најважниот: поради тоа, за време на сите фази го проверуваме квалитетот од А до Ш. Дури на крајот, каросеријата се лакира со соодветната боја и финално се проверува во тунелот за квалитет.
МОДУЛАРНА ПЛАТФОРМА

ИНТЕЛИГЕНТНО ПРОИЗВОДСТВО

Возилата со сличен начин на конструирање во Volkswagen групацијата ја делат истата конструкциска основа: модуларната платформа истовремено гарантира ефикасност и највисоки стандарди за квалитет, а овозможува и исклучителен сооднос на цена и перформанси.

ПРОВЕРКА НА КВАЛИТЕТОТ

ПРОВЕРКАТА ГИ ПРАВИ НЕШТАТА ПОДОБРИ

Совршенството е резултат на три работи: вредна работа, страст и внимание. Со ова убедување ги исполнуваме нашите строги критериуми за квалитет - и ги воодушевуваме нашите клиенти.

НАГРАДА LEAN

ИЗВОНРЕДНА ЕФИКАСНОСТ

Со наградата Lean, SEAT 2013 го доби реномираното одликување за ефикасност во процесот на производство. Со тоа, фабриката во Марторел доби награда за иновации и флексибилност при производството.