ИНОВАЦИЈА

ИДЕИ КОИШТО ПРАВАТ РАЗЛИКА

Нашата моќ за иновации е способноста на повеќе од 1.000 колеги во нашиот технички центар во Марторел. Во срцето на марката ги планираме, дизајнираме и развиваме нашите возила - и на тој начин и даваме живот на технологијата.

Центар за техника

СРЦЕТО НА SEAT

1
2
3
4
1
ЦЕНТАР ЗА ТЕХНИКА

Отворањето на нашиот центар за техника во 1975 година во Марторел, во близина на Барселона, ни овозможи возилата да ги развиваме и произведуваме сосема независно. Тука настануваат иновативните идеи на страствените перфекционисти - тука настанува Technology to Enjoy.

2
ЦЕНТАР ЗА ДИЗАЈН

Тука работат нашите дизајнери на усовршувањето на внатрешноста и надворешноста на секое возило. Само на тој начин ќе бидеме сигурни, дека секој модел ја носи својата уникатна ДНК.

3
СВЕТЛОСЕН ТУНЕЛ

Тука се тестира сè што свети, според јачината на осветлување и уедначеноста: од LED задните светла преку внатрешното осветлување, па сè до целосните LED-фарови.

4
ТЕСТИРАЊА НА ЗВУК

Од моторот па сè до затворањето на вратите, нашите инженери за звук вистински целосно ја тестираат секоја компонента на звукот - за соодветна акустика во целиот простор на возилото.

ЦЕЛОСНИ LED-ФАРОВИ

БРИЛИЈАНТНА ИНОВАЦИЈА

SEAT Leon беше првото возило од својата класа со целосни LED-фарови. На тој начин е можно, во секое време да се вози на совршено осветлен пат речиси како на дневна светлина - со светло, коешто исто така не ги заморува и очите.

СИМУЛАТОР

ВИЗУАЛИЗИРАНО СОВРШЕНСТВО

Напредната технологија ни овозможува, секој дел од секој модел да го создадеме и склопиме виртуелно. На тој начин, нашите возила можеме да ги анализираме и да ги доусовршиме до детаљ, пред истите да станат реалност.

Конективност

СОВРШЕНА ПОВРЗАНОСТ

Mit unseren eigens entwickelten Apps für unsere konnektive Full Link-Technologie bieten wir Ihnen ein rundum vernetztes Fahrgefühl. So bleiben Sie auch unterwegs mit der Welt in Kontakt.

ФУНКЦИЈА READ-TO-ME

Останете информирани – но комфорно. Било да е е-пошта, вести, ажурирања од Twitter или Facebook: со помош на функцијата Read-to-me, актуелните информации едноставно ќе Ви бидат прочитани.

SEAT DRIVEAPP

Со апликацијата SEAT DriveApp, а благодарение на MirrorLink™ технологијата, сосема едноставно добивате исклучителна поврзаност. На тој начин, можете да повикате ажурирања на времето и социјалните медиуми или со функцијата Challenger можете да ги подобрите перформансите на самото возење.

ПРЕДИЗВИКУВАЧ

Оваа функција на SEAT DriveApp Ви помага со помош на едноставни задачи, да го оптимизирате Вашиот личен стил.

FULL LINK ТЕХНОЛОГИЈА

Целосно поврзани, целосно компатибилни: со Full Link технологијата ќе го поврзете паметниот телефон и возилото толку едноставно како никогаш до сега – со MirrorLink®, Android Auto® или Apple CarPlayTM.

ЛИЧЕН ДЕСКТОП

Десктопот на Вашиот SEAT Infotainment систем можете само со притискање на копче да го поставите индивидуално со Вашите омилени апликации и уреди.
ВИРТУЕЛНА ФАБРИКА

ДИГИТАЛИЗИРАНИ СЕТИЛА

Нашите вработени користат најсовремени технологии за буквално со сите свои сетила виртуелно да се нурнат во нашите возила, пред истите да станат реалност. Па така, можете сосема да му се препуштите на водењето на Вашето искуство и чувства.

ПАСИВНА БЕЗБЕДНОСТ

ПРОВЕРЕНА ДОВЕРЛИВОСТ

Исто така и нашите инженери за пасивна безбедност се страсни перфекционисти. Тие се грижат за најдобра можна заштита при секое возење - како за патниците, така и за другите учесници во сообраќајот.

Ние користиме cookies за да го направиме вашето искуство на нашиот вебсајт подобро.
Продолжи