Ние користиме cookies за да го направиме вашето искуство на нашиот вебсајт подобро.
Продолжи
ДИЗАЈН

ИНЖЕНЕРИ НА УБАВИНАТА

При изготвувањето на нашите модели обрнуваме внимание на секој детаљ: кога вредностите на марката и карактерот на моделите ќе добијат форма, ние му даваме значење на дизајнот. Во тоа се манифестира нашата љубов кон убавината и совршеноста.

УПРАВУВАЧ

ВРСКАТА МЕЃУ ЧОВЕКОТ И МАШИНАТА

Преку управувачот Вие станувате едно со Вашиот SEAT. Тоа е интерфејсот за Вашите наредби и пристапот до многубројните можности, кои Ви ги нуди возилото. Поради тоа, ние ги сметаме за уметнички дела на рачната работа.

Процес на дизајнирање

СОНОТ ДОБИВА ФОРМА

1
2
3
4
1
ОД СКИЦА ДО СТУДИЈА

Секое наше возило започнува со скица на хартија, пред да се појави во јавноста после долгогодишен процес. Претставник на нашата дизајнерска филозофија е Showcar SEAT 20V20 - еден од врвните прикази на Женевскиот авто салон 2015.

2
РАЧНА РАБОТА ДО СОВРШЕНСТВО

Откако е направен дизајнот, тим од инженери и дизајнери се посветува на неговата изработка и дизајн: секој детаљ на надворешноста се доведува до совршенство за да може да се произведе модел во оригинална големина.

3
ВНАТРЕШНА УБАВИНА

Штом ќе биде дизајнирана надворешноста, го обликуваме внатрешниот простор - секако не со истите естетски критериуми. Уште повеќе, покрај на дизајнот ние обрнуваме големо внимание и на комфорот на возачот - со соодветниот ергономски интериер.

4
ОД ИДЕЈА ДО РЕАЛИЗАЦИЈА

Развојот на еден Showcar е амбициозна работа. Многу дизајнери, програмери и инженери од целиот свет се заложуваат со својата експертиза, за концептот да може да се спроведе на дело.

Надворешен дизајн

ПРВИОТ ВПЕЧАТОК Е ВАЖЕН

SEAT LEON ST CUPRA

Фамилијата на SEAT CUPRA стои зад динамичните и спортски модели на SEAT. Исто така и SEAT LEON ST CUPRA не е исклучок – со стилски дизајн и величествен перформанс.

СОВРШЕНО ДИЗАЈНИРАН

Од секој прототип се развива еден модел, на кој се нанесува боја со јадро од пена од стрaна на нашите дизајнери.

ЉУБОВ КОН ДЕТАЛИТЕ

Секој мал детаљ се развива, одбива и повторно се обликува – сè додека резултатот не биде совршен.

ОДБЕРЕТЕ БОЈА

Лакирањето е важен дел од карактерот на едно возило. Поради тоа, Вам и на сите наши клиенти им нудиме избор од 22 атрактивни бои.

ПОГЛЕД НАНАПРЕД

Модерни и динамично дизајнирани целосни LED фарови и LED задни светла гарантираат не само совршена видливост туку и совршен стил.

ПОВЕЌЕ ОД ДИЗАЈН

Најголемиот предизвик на нашиот дизајнерски тим е да се постигне совршена поврзаност на формата и функцијата, за атрактивноста на нашите модели да се доведе до максимално ниво.

СЕКОГАШ УНИКАТЕН

Секој детаљ на надворешниот изглед го дизајнираме така да придонесе за исклучителниот изглед на нашите модели.
ВНАТРЕШЕН ДИЗАЈН

ВАШЕТО ОМИЛЕНО МЕСТО

ВНАТРЕШЕН ДИЗАЈН

Веднаш штом ќе седнете во SEAT треба да се почувствувате добро и интуитивно да се ориентирате. Поради тоа, вложуваме многу страст во истражувањето на трендовите и создаваме дизајн, кој не само што изгледа добро, туку е и многу пријатен.

ШЕФ НА ДИЗАЈН НА SEAT

ALEJANDRO MESONERO

"Се што гледаме и доживуваме не инспирира. Во дизајнот, Барселона за нас e секојдневие: град, кој го живееме и сакаме."

30 години SEAT Ibiza

ЛЕГЕНДАТА ЖИВЕЕ

Потребата од развојот на првиот SEAT Ibiza беше да се создаде едно компактно возило со аеродинамични линии, кое ќе ја отсликува младоста и спортскиот карактер на марката. 30 години подоцна, оваа успешна приказна се прославува со јубилеен модел - и новата Ibiza ја продолжува приказната понатаму.