Ние користиме cookies за да го направиме вашето искуство на нашиот вебсајт подобро.
Продолжи
Сервис за мобилност

ДОЖИВЕЈТЕ МОБИЛНОСТ БЕЗ ГРАНИЦИ

Сервисот за мобилност на SEAT во случај на дефект или незгода Ви нуди сеопфатна и доверлива, како и бесплатна помош.

Следните телефонски броеви треба секогаш да ги носите со Вас и дополнително да ги чувате на безбедно место:
Во Австрија: 0810 100 933
Од странство: +43 1 25119 19437

ЗА ДОЖИВУВАЊЕ ПРИ ВОЗЕЊЕТО БЕЗ ГРИЖИ

Преглед на Вашите услуги со сервисот за мобилност на SEAT:

/ Помош во случај на дефект на лице место
/ Влечна служба
/ Мобилност за замена
/ Спасување на возилото
/ Обезбедување на заменски делови
/ Повратен транспорт на возило од странство
/ Царинење и расклопување на возилото
/ Враќање наданокот за одземено возило од полицијата во случај на незгода
/ Земање на возилото доколку возачот не е способен да го управува

 

/ Посета на болно лице во странство
/ Враќање назад на болен од странство
/ Враќање назад на деца од странство

 

/ Замена на патнички документи
/ Повратен сервис за патување

SEAT Сервис

Само во случај

За во случај на проблем да можете да добиете помош од сервисот за мобилност на SEAT, јавете се во Call центарот на сервисот за мобилност на SEAT.

 

Во Австрија: 0810 100 933
Од странство: +43 1 25119 19437

 

Притоа Ве молиме наведете ги следните податоци:

/ Име и презиме
/ Телефонски број на кој се достапни
/ Број на шасија и регистарски таблички на Вашето возило
/ Датум и изминати километри на последниот сервис за проверка (ќе ги најдете во Вашата сервисна книшка)
/ Информации во врска со видот и околностите на оштетувањата, точен податок за местото

Придобивки

СЕКОГАШ МОБИЛНИ

Од купувањето на Вашиот нов SEAT ќе уживате во предностите од сервисот за мобилност на SEAT и со тоа автоматски во многубројните услуги до првиот сервис во авторизирана работилница на SEAT. Потоа сервисот за мобилност на SEAT автоматски се продолжува од услуга до услуга - цел животен век на возилото.

Проверките и препорачаните зафати мора да се извршуваат во рамките на пропишаните рокови односно пропишаната километража од страна на авторизирана работилница на SEAT.

 

Доколку сакате да го продадете Вашиот SEAT, се разбира и следниот корисник целосно ќе може да ужива во сите предности.

Партнерот на SEAT во Вашата близина