Дополнително третирање на издувни гасови

РЕДУКЦИСКО СРЕДСТВО ADBLUE®

AdBlue® е името на марката за кристално јасното, синтетички произведено 32,5 процентно средство за растворување на високо прочистена уреа во деминерализирана вода, кое се користи за дополнително третирање на издувни гасови во SCR катализаторот. Притоа со селективната каталитичка редукција (англиски: selective catalytic reduction, SCR) се намалува емитирањето на азотни оксиди за околу 90 % (во стационарен режим).

ADBLUE®

ЕКОЛОШКО ЧИСТЕЊЕ НА ИЗДУВНИ ГАСОВИ

Водестото средство за растворување од уреа е еколошка хемикалија за чистење на издувни гасови, која досега се користеше во комерцијалните возила. AdBlue® од 2007 се користи во САД во патнички моторни возила кај дизел мотори со SCR катализатори. Во меѓувреме исто така се испорачуваат и верзиите на дизел на SEAT Alhambra со AdBlue® мотори.

РЕДУКЦИСКО СРЕДСТВО ADBLUE®

Важна забелешка

Резервоарот на AdBlue® на SEAT Alhambra се наоѓа на левата страна на багажниот простор. Отворите за полнење се достапни по вадење на делот со облога. Доколку количината на редукциското средство падне под одредена вредност, за возачот ќе следи напомена со соодветен индикатор и акустичен предупредувачки сигнал во инструментната табла. Ако и покрај повеќекратно предупредување не се дополни AdBlue®, до дополнување на AdBlue® повеќе нема да биде можно стартување на моторот.

РЕДУКЦИСКО СРЕДСТВО ADBLUE®

БЕЗБЕДНОСНИ МЕРКИ ПРИ КОРИСТЕЊЕ НА ADBLUE®

  • Резервоарот на редукциското средство се дополнувајте со резервоарите и адаптерите кои се одобрени од производителот.
  • Не вдишувајте го и не голтајте го редукциското средство.
  • Избегнувајте контакт на редукциското средство со кожата, очите или органите за дишење поради можна иритација. Во таков случај веднаш измијте со вода, и доколку е потребно посетете лекар.
  • Редукциското средство не мешајте го со други адитиви или со вода.
  • Редукциското средство кое истекло отстранете го со влажна крпа и ладна вода. Доколку веќе е кристализирано, отстранете го со сунѓер и топла вода.

 

AdBlue® ќе добиете во секоја сервисна работилница на SEAT и во добро опремените бензински станици.

Ние користиме cookies за да го направиме вашето искуство на нашиот вебсајт подобро.
Продолжи