Врвна гаранциска заштита

SEAT ПРОДОЛЖЕНАТА ГАРАНЦИЈА

SEAT ПРОДОЛЖЕНАТА ГАРАНЦИЈА

ВРВНА ГАРАНЦИСКА ЗАШТИТА ОД СТРАНА НА ПРОИЗВОДИТЕЛОТ

SEAT нуди напредни технологии, дизајн ориентиран кон иднината, извонреден квалитет и врвна услуга во сервисот. Посебна понуда е и SEAT продолжената гаранција. Таа ја продолжува двегодишната гаранција на производителот.

Доколку при купувањето на нов автомобил веднаш ја нарачате SEAT продолжената гаранција како посебна опрема, ќе добиете 100% SEAT гаранција и понатаму сте целосно заштитени од непредвидливи трошоци за поправки. И тоа индивидуално прилагодено според Вашите потреби - за до две понатамошни години и максимална измината километража од 120.000 km.

SEAT ПРОДОЛЖЕНАТА ГАРАНЦИЈА

ПРЕДНОСТИ

* Врвна гаранциска заштита од страна на производителот по фер цена

 * Целосен обем на услуги, без исклучок

 * Поправки со оригинални делови и договорни сервисни работилници ширум Европа

 * Повисока продажна вредност при повторно продавање на возилото со останување кон продолжената гаранција на SEAT

 * Во рамките на лизинг можно финансирање или купување во готово

 

SEAT ПРОДОЛЖЕНАТА ГАРАНЦИЈА

ЕДНОСТАВНО И БРЗО ПРОЦЕСИРАЊЕ

SEAT продолжената гаранција можете сосема едноставно при купувањето на ново возило да ја нарачате како посебна опрема и веќе имате заштита до 4 години од неочекувани трошоци за поправка.

Во тие случаи донесете го Вашето возило како и вообичаено кај Вашиот партнер на SEAT. Ние, секако, ќе се погрижиме за поправката на Вашиот SEAT без понатамошни издатоци и трошоци.

 

За подетални информации за SEAT продолжената гаранција и за конкретните цени, Вашиот партнер на SEAT Ви стои лично на располагање. Тој со задоволство ќе Ве советува!

 

 

*Исклучок од SEAT продолжената гаранција се лакот и каросеријата, потрошните делови, туѓите надградби, туѓи интервенции, надворешни влијанија, прилагодувања, несоодветни барања.

Ние користиме cookies за да го направиме вашето искуство на нашиот вебсајт подобро.
Продолжи