За најдобро искуство при користење на веб-страницата
Оваа страница користи колачиња за најдобро можно корисничко искуство. Продолжувајќи да ја користите нашата страница, вие ја прифаќате употреба на нашите колачиња (основни колачиња). Колачињата што се предмет на задолжително одобрување (аналитички колачиња, функционални колачиња, колачиња за персонализирана содржина) се активираат само по нивното активирање. Ако се согласите да користите колачиња, податоците за идентификација ќе бидат обработени од наши партнери (даватели на колачиња и даватели на ИТ услуги). Одговорна за оваа веб-страница и колачињата е „Порше Македонија ДООЕЛ Скопје”. Дополнителни информации за користените колачиња и нивното деактивирање може да се најдат
Активирајте ги сите колачиња
SEAT Leon eHybrid

Го сакате најдоброто од двата света?

Практичен старт на една позитивна промена. Новиот SEAT Leon e-Hybrid се движи 100% само со електрично напојување, менувајќи на бензински погон само доколку е потребно полнење на неговата батерија.

Што претставува plug-in Hybrid ?

Електричен. Бензинец. Поголема моќност.

Новиот SEAT Leon e-Hybrid е повеќе од стандарден хибриден автомобил. Како и кај повеќето хибриди, така и кај овој батеријата сама се наполнува. Но овој модел исто така е со приклучок за полнење.

Тоа значи дека прво го употребува неговиот електричен мотор, вклучувајќи го бензинскиот мотор само доколку е потребна дополнителна моќност. За полнење, едноставно приклучете го приклучокот за полнење во конвенционалната електрична мрежа.

Со оваа технологија, новиот SEAT Leon e-Hybrid може да добие поголем досег отколку целосно хибридната или електричната верзија. Исто така, благодарејќи на неговиот 100% електричен мотор, вие лесно можете да возите без испуштање на штетни гасови.

Бенефити кај e-Hybrid

Наполнете го вашиот ден на нов начин.

За разлика од нормалните електрични и хибридни автомобили, e-Hybrid ви овозможува да го зголемите вашиот целосен досег, благодарејќи на флексибилните начини на полнење.

Електричниот мотор користи регенеративно сопирање за да се зголеми досегот.
Патувајте до 60 km* со нула емисии на CO2.
Целосно искористување на моќноста на батеријата со надворешно полнење.
Заштедете пари при вашето секојдневно патување.
Моќност

Оставете ги далеку зад вас.

Перформанси

Моќноста од 85 киловати од електричниот мотор во комбинација со 1.4 литарскиот TSI мотор, обезбедуваат вкупна моќност од 150 киловати.

Опсег

Новиот SEAT Leon e-Hybrid ве носи онаму каде што сакате да одите. Изберете само електричен погон кога возите до 60 km*, или изберете комбинација на двете опции, електричен и бензински погон за да поминете до 800 километри.

Само-полнење

Сопирањето ви помага да одите подалеку. Регенеративното сопирање ги полни батериите за да ви овозможи поголема моќност додека сте на патот.

Полнење

Додадете енергија на вашиот ден.

Спремни сте да се наполните? Направете го тоа за половина од времето што нормално ви е потребно со SEAT полнач. Полнењето на вашиот нов SEAT Leon e-Hybrid сега е само побрзо и полесно.

100% за 3 часа со SEAT полнач во споредба со 6 часа со вообичаен полнач.

Сакате да научите нешто повеќе за новиот SEAT Leon?

* Provisorische Daten.