Ние користиме cookies за да го направиме вашето искуство на нашиот вебсајт подобро.
Продолжи
ДОДАТОЦИ

Имај повеќе. Направи повеќе. Сонувај повеќе.

Во твојот свет сè е можно. Додатоците на новата SEAT Arona се грижат да патуваш паметно и безбедно, со избор на декоративен дизајн и индивидуализирани лајсни. Време е да го опремиш твоето возило во Arona стил.

НАДВОРЕШНА ИНДИВИДУАЛИЗАЦИЈА

Само она што е избрано. Без компромиси.

Присвој го целосниот Arona стил и уште повеќе. Рабовите на фаровите за магла и страничните лајсни за твојата нова SEAT Arona ги има во Piano црна или сребрена боја. За вратата од багажниот простор ги има варијантите хром мат и Piano црна боја. Сега си опремен за сè.

ОПРЕМА ЗА ПРИКОЛКА

Сакаш да понесеш сè? Направи го тоа.

Направи си го животот полесен со опрема за приколка за твојата нова SEAT Arona. Што и да е, можеш да го понесеш со тебе.

ДЕКОРАТИВЕН ВНАТРЕШЕН ПРОСТОР

Победи го непобедливото.

Откриј повеќе

Избери промена. Спортски или елегантен управувач? Рачка на менувачот, педали и потпора за стапалата во сребрена зелена боја? Ќе се разликуваш од останатите, исто како и твојата нова Arona.

ПРОСТОР ЗА СМЕСТУВАЊЕ БАГАЖ

Зошто да не? Имаш избор.

Целосно по мерка, просторот за сместување багаж точно одговара на твојот багажен простор со зафатнина од 400 l. Што и да понесеш со тебе, твоето возило ќе го штити и ќе го одржува чисто со помош на материјалот кој не се лизга, за да соодветствува на твоите потреби.

КАЛНИЦИ

Тргни! Заштитено.

Заштити ја твојата Arona со калници, кои се наоѓаат точно зад тркалата. Ќе имаш доволно заштита и не ти треба повеќе од тоа.