Ние користиме cookies за да го направиме вашето искуство на нашиот вебсајт подобро.
Продолжи
БЕЗБЕДНОСТ

Возете без страв.

Ништо не е поважно од тоа да се има доволна безбедност. Затоа при конструкцијата на новата SEAT Arona прво мислевме на твојата безбедност. Наша најголема грижа е да те заштитиме.

Blind-Spot сензор

Ги гледаш кога доаѓаат.

При твоите маневри за време на возењето можеш целосно да се потпреш на нашата техника. Твојата нова SEAT Arona располага со систем за помош при мртов агол (Blind-Spot сензор), којшто те предупредува за возила кои се приближуваат, пред да ја промениш коловозната лента.

ACC - автоматско регулирање на растојанието СО FRONT ASSIST

Биди храбар. Заштитен си.

Новата SEAT Arona има неколку специјални направи. Како на пример системот за набљудување на околината Front Assist. Ако автомобилот пред Вас наеднаш сопира, системот веднаш реагира и одржува безбедно растојание. Прилагодливиот уред за регулирање на брзината осигурува да се движиш со прилагодена брзина. На тој начин можеш да останеш фокусиран при константна брзина.

БЕЗБЕДНОСНИ ОПРЕМИ

Одмори се.

Blind-Spot сензор со препознавање на напречен сообраќај

Сакаш да излезеш од место за паркирање на улица по која има сообраќај? Без грижи. Blind-Spot сензорот со препознавање на напречен сообраќај ја сопира твојата SEAT Arona ако пред тебе се наоѓа автомобил или каков било објект. Треба да се погрижиш само за тоа, на каде сакаш да продолжиш со возење.

СОПИРАЧКА ЗА ПОВЕЌЕКРАТЕН СУДИР

Доколку дојде до судир , сопирачката за повеќекратен судир реагира со многу голема брзина и на тој начин спречува дополнителни судири. Но во секое време ти ја имаш контролата над твоето возило. Со оваа двојна заштита можеш постојано да бидеш опуштен.

ПРЕПОЗНАВАЊЕ НА УМОР

Дури и на најхрабрите понекогаш им е потребна пауза. Системот за препознавање на умор го набљудува однесувањето на возачот на твојата нова SEAT Arona, препознава кога си уморен и ти предлага да направиш пауза.

СИСТЕМ ЗА ПОМОШ ПРИ ПОАЃАЊЕ НА НАГОРНИНИ

Треба да возиш по нагорнина? Ќе успееш во тоа.

Функционира на овој начин.

Нагорнините не се во твој домен? Благодарение на системот за помош при поаѓање на нагорнини, тоа е лесно. Овој систем за помош го меморира и го снима твојот притисок на сопирачката, така што и на најстрмните патеки ќе можеш да поаѓаш без рачна сопирачка.

КАМЕРА ЗА ПОМОШ ПРИ ВОЗЕЊЕ НАНАЗАД СО СИСТЕМ ЗА ПОМОШ ВО УПРАВУВАЊЕ ПРИ ПАРКИРАЊЕ

Врвен перформанс за интелигентни маневри.

Сакаш да паркираш наназад во тесно место? Новата SEAT Arona нема проблем ниту со препреките зад неа, ниту со улицата пред неа. Камерата за помош при возење наназад на дисплејот ти ја прикажува избраната коловозна лента, а системот за помош во управување при паркирање го прави останатото за тебе.