БЕЗБЕДНОСТ

Можете да бидете смирени

Во новиот SEAT Leon секогаш ќе се чувствувате безбедно, благодарение на техничките опреми, како на пр. систем за заштита на пешаци и систем за помош при застој. Сè она што Ви е потребно за да бидете смирени за време на возењето.

 

СИСТЕМ ЗА ПОМОШ ПРИ ЗАСТОЈ

‘Ставете крај на стресот, започнете со задоволство

Во новиот SEAT Leon застојот може да понуди прилика за релаксираност. Системот за помош при застој го оценува растојанието до возилата пред Вас и го регулира забрзувањето и забавувањето.

Систем за заштита на пешаци

Секогаш подготвен за изненадувања

Дополнителен пар очи никогаш не доведува до заблуда. Системот за заштита на пешаци забележува кога некој поминува пред возилото и Ве предупредува акустично и визуелно пред автоматското сопирање.

СИСТЕМ ЗА ПОМОШ ВО ИТЕН СЛУЧАЈ

Тој се грижи за Вас

Во новиот SEAT Leon можете да бидете сигурни, дека системот за помош во итен случај ќе интервенира доколку Вие не сте во позиција, со тоа што автоматски извршува сопирање за да Ве предупреди и евентуално да го запре возилото до состојба на мирување.

СИСТЕМ ЗА ПРЕПОЗНАВАЊЕ НА УМОР

Со отворени очи

Активниот стил на живеење е полн со возбудувања и може да Ве измори. Не мора да се грижите кога патувате, затоа што системот за препознавање на умор Ве држи будни.

АДАПТИВЕН ТЕМПОМАТ (ACC)

Мала дополнителна помош

Поставете константна брзина и уживајте во Вашето секојдневно возење. Адаптивниот темпомат се грижи за забрзување и забавување зависно од сообраќајот. Можете да го тргнете стапалото од педалот и да се одморите.

ДЕТАЛИ ЗА КАРАКТЕРИСТИКИ

СИСТЕМ ЗА ПОМОШ НА ВОЗАЧОТ

Систем за помош при одржување во лента

Системот за помош при одржување на лента Ви помага да останете во планираната лента, Ве предупредува ако отстапите од неа и автоматски ја коригира насоката на возилото.

Систем за помош на долго светло

Системот за помош на долгото светло автоматски префрлува од долго на соборено светло и обратно. Тој идентификува сообраќај од спротивната страна, како и возила пред Вас и осветлени животни средини.

Систем за препознавање на сообраќајни знаци

Системот за препознавање на сообраќајни знаци е синхронизиран со Вашата предна камера. Сензорите забележуваат ограничувања на брзината, забрани за престигнување и најави за градилишта, за да Ве предупредат што Ве очекува.

Ние користиме cookies за да го направиме вашето искуство на нашиот вебсајт подобро.
Продолжи