Ние користиме cookies за да го направиме вашето искуство на нашиот вебсајт подобро.
Продолжи
MIRRORLINK™

НОВИОТ ВИД НА ВОЗЕЊЕ

Рацете на управувачот, погледот на улицата - и покрај тоа можете сосем безбедно да одговарате на Вашите текстуални пораки: со Вашиот глас и со MirrorLink™.

ШТО Е MIRRORLINK™?

За фановите на технологија MirrorLink™ сега успеа да воспостави совршена врска на Вашиот SEAT и Вашиот паметен телефон: брзо и едноставно поврзани преку дисплејот на Вашиот медиумски систем SEAT Media Systems имате целосен пристап до Вашиот паметен телефон - а притоа и двете раце на управувачот.

ШТО МОЖЕ MIRRORLINK™?

Апликацијата SEAT DriveApp користи MirrorLink™, за да ги користи Вашите омилени апликации за паметен телефон со Вашиот SEAT. И за време на возењето сосема индивидуално добивајте информации, е-пошта, пораки и ажурирања од Facebook и Twitter и уживајте во Вашата сопствена музика и Podcast збирка. Брзо и едноставно добивајте информации за статусот на Вашиот SEAT и по пат на игра запознајте го преку функцијата Challenger, со тоа што за време на возењето ќе усовршувате предизвици.

КАКО ФУНКЦИОНИРА MIRRORLINK™?

Поврзувањето може да биде толку едноставно: за да користите Um MirrorLink™ со Вашиот Android паметен телефон во Вашиот SEAT, во принцип мора прво да го поврзете со интерфејсот за USB во возилото. За време на возењето можете да го користите Вашиот паметен телефон преку повеќефункцискиот управувач, екранот на допир на медиумскиот систем SEAT Media System Plus или едноставно преку говорно управување. Со MirrorLink™ секогаш сте поврзани - едноставно и безбедно.

SEAT DRIVEAPP

Апликацијата SEAT DriveApp која е совршено соодветна за MirrorLink™ секое возење го прави уникатно. За време на возењето преку персонализираниот екран на допир индивидуално добивајте е-пошта, пораки, временска прогноза или предлози од Ecotrainer.

DRIVEAPP-ФУНКЦИИ

ЕКСКЛУЗИВНИ ИНКЛУЗИВНИ

1
2
3
4
1
ЛИЧЕН DESKTOP

Со персонализиран Desktop секогаш ги имате на дофат Вашите омилени функции: временска прогноза во зависност од местото, знаменитости, час или мини плеер - како што ќе посакате.

2
CHALLENGER

Апликацијата Challenger Ви нуди 16 различни предизвици за да го оптимирате Вашиот начин на возење. Притоа со три нивоа на тежина низ игра научете како да ја намалите потрошувачката.

3
ROUTE TRACKER

Со Route-Tracker графички снимете ги Вашите омилени рути, можете во дадено време да ја проверите брзината, бројот на вртежи и потрошувачката или локално да ги зачувате Вашите податоци за подоцна да ги проверите од одма.

4
ФУНКЦИЈА ЗА ЧИТАЊЕ

Со функцијата за читање останете во контакт со светот и Вашите пријатели од социјалните мрежи, без да го тргнете погледот од улицата: едноставно читајте пошта, твитови и објавувања на  Facebook.

ДОСТАПНИ АПЛИКАЦИИ

АПЛИКАЦИИ ОД ТРЕТИ ПОНУДУВАЧИ

BRINGGO

BringGo од Вашиот телефон прави вистински навигациски систем.

MIROAMER

Уживајте во радио станици од целиот свет на управувачот на Вашиот SEAT.

PARKOPEDIA

Повеќе не барајте места за паркирање, туку најдете ги.

WEATHER-PRO

Сите актуелни детали за временската прогноза низ светот.

AUPEO!

Радио, индивидуално како Вас.

GLYMPSE!

Споделете со сите кои Ви се важни, каде моментално се наоѓате со Вашиот SEAT.