Ние користиме cookies за да го направиме вашето искуство на нашиот вебсајт подобро.
Продолжи
SEAT оригинални додатоци

За Ваше сосема лично чувство при возењето!

Поставете му на Вашиот градски автомобил индивидуални акценти со многубројните и уникатни SEAT оригинални додатоци. За дополнителни прашања, советникот за сервис на SEAT со задоволство Ви стои на располагање.

AERODYNAMIK KITS

Перформанси

Со новиот комплет за аеродинамика на SEAT Ibiza, секогаш сте во центарот на вниманието. Уживајте во класичниот тркачки изглед во Вашата омилена боја. Покрај стилскиот комплет за аеродинамика, на располагање Ви стои и посебен дизајн на интериерот.

ФЕЛНИ ОД ЛЕСЕН МЕТАЛ

Од елегантен до спортски

Сеедно, дали претпочитате спортска или елегантна појава - стилските фелни од лесен метал од оригиналните додатоци на SEAT го нудат вистинскиот дизајн за сечиј вкус.

Транспорт

Решение за секаков багаж

Било да е одмор, слободно време или спорт. Со решенијата за транспорт на SEAT, во секое време го имате со себе, сето она што Ви е важно. Основниот носач за кровен багаж ја прави базата за понатамошни додатоци за транспорт, како на пр. практични носачи на велосипеди.

За дополнителни прашања, советникот за сервис на SEAT со задоволство Ви стои на располагање.

Внатрешни вредности

Спортски карактер

Креирајте го внатрешниот простор на Вашето возило сосема според Ваш вкус. Почнувајќи од управувачот, подните простирки, педалите, индивидуалната рачка на менувачот, па сè до заштитните лајсни за влегување, за секого има нешто што му одговара. Изберете една од трите уникатни линии на дизајн: Ibiza Sport, Ibiza Trend или Ibiza Urban.

INFOTAINMENT

Најсовремена техника

Најмодерната техника кај SEAT не се крие само под хаубата на моторот, туку и во внатрешноста. Така, адаптерите за паметен телефон и музички плеер овозможуваат високо ниво на конективност. Со уредот за разговор со слободни раце можете едноставно да се сконцентрирате на сообраќајот и истовремено да телефонирате. Достапните уреди за навигација секогаш Ви го покажуваат најбрзиот пат до целта.

Безбедност

Секогаш во добри раце на пат

Вашата безбедност за нас е највисок приоритет. Поради тоа, кај SEAT оригиналните додатоци за безбедност не постојат компромиси. Тоа важи како за нашите модерни детски седишта, така и за ланците за снег или флуоресцентните елеци.  

Добро заштитени

Совршено подготвени

За да му овозможите на Вашиот SEAT долго време да изгледа како нов, Оригиналните додатоци Ви нудат практични помошници. Така на пример, багажниот простор се одржува чист со помош на достапната подлога за багажен простор, додека пак подните простирки го заштитуваат и одржуваат чист просторот за нозе. Со опционално достапните калници, ќе ја заштитите каросеријата од правта и камењата што надоаѓаат.