СПЕЦИЈАЛНИ РЕШЕНИЈА ЗА ПОСЕБНИ БАРАЊА

Наведете ги Вашите барања, ќе Ви ги покажеме Вашите можности - економични и по Ваша мерка.

АВТО ШКОЛИ

МОБИЛНА ВИЗИТ-КАРТИЧКА

SEAT е визит картичка за авто школите, којашто со задоволство се покажува и со уште поголемо задоволство се вози - сеедно дали сте инструктор за возење или оној што учи да вози. Поради тоа, од SEAT како автомобил на авто школа едноставно профитираат сите. Вие, како инструктор за возење во Вашето безбедно и комфорно работно место, а и Вашите кандидати за возење од технологијата којашто воодушевува. Сеопфатниот безбедносен пакет, опремата што нуди комфор на високо ниво и понудата на простор се само три од причините, зошто токму нашите автомобили се толку омилени кај авто школите. Друга предност е и економичноста, којашто најдобро можете самите да ја доживеете. На пример, со нашите штедливи ECOMOTIVE модели или со SEAT Eco-Trainer за возење што на најдобар начин штеди гориво. Информирајте се сега кај нас за акциите и пакетите на услуги, коишто го овозможивме специјално за авто школите.

ИЗНАЈМУВАЧ НА АВТОМОБИЛИ

ЕДНОСТАВНО ДО ЦЕЛТА И НАЗАД

Во SEAT секој се вози со задоволство. Динамичниот дизајн воодушевува на прв поглед, а модерната технологија убедува со секој изминат километар. Не е ни чудо, што SEAT едвај ја чека следната задача. Бидејќи и по илјадници извозени километри, SEAT сè уште ја  задржува добрата фигура како визуелно така и технички. Дали водите локална фирма за изнајмување автомобили или веќе користите постоечки договор со големи клиенти на Вашиот обезбедувач на лиценца? Тогаш, со задоволство ќе Ве информираме за сите предности.

УСЛУГИ ЗА НЕГА

БИДЕЈЌИ ДОВЕРЛИВОСТА Е ВАЖНА

Доверливоста е важна - токму во амбулантната нега или како акушер. Со нашите модели овозможувате комфорна, безбедна и економична мобилност. А со нашите атрактивни услуги сте секогаш на вистинската страна. На тој начин, не само што штедите пари, туку пред сè и време, коешто корисно можете да го искористите на друго место. Дали имате прашања за деталите или за нашите посебни услови? Со задоволство ќе одвоиме време за Вас. 

ПРЕВОЗ НА ЛИЦА

ЕКОНОМИЧНО ОД ПРВИОТ КИЛОМЕТАР

Да се превезуваат лица, значи да се преземе одговорност: за патниците, Вашата фирма и за Вашите вработени. Наша одговорност е пак, да Ви го понудиме она што го очекувате како претприемач со свои барања: мали оперативни трошоци, доверливост и високо ниво на комфор и безбедност. Во сето тоа нè поддржува и нашиот специјалист за надградби. Тој го прилагодува Вашиот нов ЅEAT на Вашите потреби - и тоа уште пред испораката на возилото. За Вас тоа значи: едноставно влезете - и уште од првиот километар возете економично. Во која насока ќе Ве води патувањето? Со задоволство ќе Ви направиме понуда. 

Ние користиме cookies за да го направиме вашето искуство на нашиот вебсајт подобро.
Продолжи