МОБИЛНОСТ ШТО МОТИВИРА

Службеното возило може да биде многу повеќе од само средство за движење. Освен тоа, во многу случаи можете да го користите и за приватни потреби и притоа да имате индивидуални барања за Вашиот автомобил.

ВОЗАЧ НА СЛУЖБЕНО ВОЗИЛО

ДОБРО КОЛКУ И ПРИВАТНОТО ВОЗИЛО

Убаво е кога Вашиот работодавец ќе Ве награди со службено возило. Уште подобро, доколку притоа го излечете максимумот од дадениот буџет - како што е со SEAT.

 

Доколку на пример треба да биде комбе, коешто воодушевува со својата ефикасност и моќност, тогаш SEAT Leon ST FR со многуте свои технички перформанси е Вашиот прв избор. Барате мултиталент со многу простор и комфор? Тогаш Ви ја препорачуваме SEAT Alhambra со до седум места за седење и до 2 430 литри волумен на внатрешниот простор. А оној што при својата мобилност обрнува особено внимание на ефикасноста, тој ги вози моделите ECOMOTIVE и TGI, коишто се идеално и целосно опремени. Kој модел сакате да го запознаете? Со задоволство ќе организираме за Вас тест возење.

SEAT ATECA ВО ВОЗНИОТ ПАРК

Нашата теренска лимузина SEAT ATECA јасно поставува нови акценти за сите возачи на службени возила:

* мала тежина на возилото со модерно обликување на каросеријата и челик со голема цврстина
* најдобра прегледност за возачот особено во предниот дел
* компактна надворешна должина (4,36 m), оптимално искористување на просторот и прегледност (најдобра во својата класа)
* оптимизирана форма на каросеријата при висока стабилност
* високо ниво на ергономичност при ракувањето и комфорно уредување на внатрешниот простор
* најсовремени системи за помош од таканаречената "Висока класа"
* оптимизирана комбинација од мотор и менувач за возна динамика, безбедност и мала потрошувачка
* најдобар сооднос цена-перформанси
* во врска со предностите на оваа класа возила и низок TCO (True Cost to Own).

Со атрибутите на SEAT поставуваме нови трендови во една од најпознатите класи на возила. Искористете ги предностите и оптимизирајте ја Вашата флота на возила.

Ние користиме cookies за да го направиме вашето искуство на нашиот вебсајт подобро.
Продолжи