ВООДУШЕВУВАЊЕТО ГО ПРЕСРЕТНУВА УБЕДУВАЊЕТО

Мобилност, којашто остава впечаток не само на патот, туку и во билансот - тоа е флотата на  SEAT. Кај претставените модели сметајте на поволни трошоци за набавка. И искористете ги предностите од ниските оперативни трошоци како и од индивидуалниот сервис. 

РЕШЕНИЈА ЗА ВОЗЕН ПАРК ПО МЕРКА

Токму кај темата мобилност, секоја компанија има различни барања и потреби. SEAT флотата Ви помага да ги постигнете Вашите цели.

 Уште од 1984 година, марката SEAT си создаде важна и доверлива позиција како кај приватните клиенти, така и во областа на големите клиенти. Посебно SEAT Alhambra со својата варијабилност, исклучителниот сооднос на цената и перформансите, а и поради одбивањето на претходното оданочување и отпаѓањето на данокот за луксузна стока прерасна во трендсетер во областа на повеќефункционалните патнички возила.

Решенија за возен парк

SEAT БИЗНИС ЦЕНТАР

Сите прашања во врска со мобилноста во делот на флотите - од советување до управување со трошоците на возниот парк - ги одговараме брзо и доверливо во нашиот SEAT Бизнис Центар. Ви ветуваме разбирање за особеностите во делот на флотите и високо ниво на компетентност при постојана грижа.

ВОЗАЧ НА СЛУЖБЕНО ВОЗИЛО

СЛУЖБЕНО ВОЗИЛО СО ПРИВАТЕН КОМФОР

Службеното возило не треба само да ја олесни работата, туку и да Ви причинува задоволство - а и во двата случаи да ги исполни Вашите желби. Со SEAT едноставно ќе добиете повеќе од автомобил за парите. На пример, поголема моќност. Или екстра опрема, на пр. со нашите бизнис пакети, со коишто можете да добиете комбинација од дополнителни опции според Вашите потреби за поволна цена.

ВОЗИЛА СО НАДГРАДБИ

РЕПРЕЗЕНТАТИВНИ И ЕКОНОМИЧНИ

Било да се поединечни возила со надградби или целосни решенија за возниот парк: со SEAT флотата ќе добиете флексибилни, економични и доверливи возила, кај коишто сè е на своето место - од опремата и моторите преку моделите за финансирање, па сè до сервисот.

ВОЗИЛА СО НАДГРАДБИ

ИЗНАЈМУВАЊЕ НА СЛУЖБЕНО ВОЗИЛО

Краткорочно барате службено возило?

Во нашата станица за изнајмување автомобили Europcar сте на вистинското место. Бидејќи уште веднаш можете да изнајмите возило ЅЕАТ за временски ограничени работни задачи или за краткорочни набавки.

Предностите се јасно истакнати:

* нема долгорочна инвестиција
 * не постои ризик, на пример при вработувањето на нови соработници (пробен период)
* даночни предности за возилата кај коишто се одбива претходното оданочување

Ние користиме cookies за да го направиме вашето искуство на нашиот вебсајт подобро.
Продолжи