Безбедност

Опуштено низ град

Безбедносните функции на новата SEAT Ateca се посебно создадени тоа, Вашето секојдневие да го поминете безбедно и без стрес и секое возење да тече непрекинато.

Вклучување на Welcome Light

LED Welcome Light

Добредојдени секогаш и секаде

Кој сака да не може да го најде своето паркирано возило во град? И тоа при темнина. Сепак, Welcome Light менува сè. Новата SEAT Ateca нејзината силуета циркуларно ја проектира на подлогата. На тој начин можете да ја забележите оддалеку и лесно да ја најдете кога е темно.

Вклучување на Welcome Light

Систем за помош при застој

Секогаш во тек

Застојот и густиот сообраќај предизвикуваат стресни ситуации. Сепак, сега тоа е веќе минато. Системот за помош при застој* ја мери оддалеченоста до другите возила, автоматски ја приспособува сопствената брзина на и притоа самостојно се задржува во коловозната лента. Притоа системот за помош во итен случај интервенира со кратко тресење на сопирачката, доколку не реагирате извесен период и се приближувате на возило пред Вас.

*Само со DSG

ACC (Автоматско регулирање на растојанието)

Бидете едно со градот

Секое патување ќе се претвори во задоволство и возењето во опуштено доживување: едноставно поставете ја саканата брзина и SEAT Atexa ќе сопира и забрзува за Вас во зависност од сообраќајот.

LED технологија

Светлата на големиот град

Осветлете го Вашето секојдневие и расположение - со новата SEAT Ateca и нејзините модерни технологии на осветлување со целосно LED фарови.

Менување светло
Дополнителни фукнции*

Пакет системи за помош на возачот

Систем за помош при одржување на коловозна лента

Системот за помош при одржување на коловозна лента Ви помага да останете во Вашата лента. Тој Ве предупредува доколку отстапувате од неа и самостојно интервенира со лесни корекции во управувањето.

Систем за долги светла

Системот за помош на долгото светло автоматски префрлува помеѓу собореното и долгото светло. Системот автоматски препознава возила кои доаѓаат од спротивната страна и возила кои се наоѓаат пред Вас, како и осветлени урбани квартови и осигурува, дека другите учесници во сообраќајот нема да се заслепат.

Препознавање сообраќајни знаци

Препознавањето сообраќајни знаци е поврзано со Вашата предна камера и на тој начин е Ваш личен совозач. Сензорите препознаваат ограничувања на брзината, забрани за претекнување или градилишта и Ве известуваат за истите.

BLIND-SPOT СЕНЗОР

Секогаш имајте преглед на сè

За безбедно возење на автопат, LED приказ на надворешниот ретровизор Ве предупредува при промена на лента, доколку се приближуваат други возила. Исто така олеснето е и излегувањето од место за паркирање наназад, затоа што возилото автоматски сопира, доколку зад Вас се наоѓаат други возила или препреки.

Систем за Front assistent со заштита на пешаци*

Секогаш патувајте проактивно

Секојдневието е полесно ако некој Ви помага. Затоа системот за автоматско регулирање на растојанието му помага на возачот ако се намали растојанието до возилото пред него. Доколку возачот не реагира, системот за надзор на околината Front assistant автоматски го сопира возилото. Заштитата на пешаци препознава пешаци на коловозот и автоматски ги активира сопирачките.

Дознај повеќе за Новата SEAT Ateca?

*Системите за помош се електронски дополнителни уреди во моторните возила за помош на возачот во одредени возни ситуации. Овие системи сепак се физички и системски ограничени и не го ослободуваат возачот од одговорноста за управувањето на неговото возило Ве молиме (пред првото возење) прочитајте во Вашето упатство за употреба до кој степен помага системот за помош.