Arona
Цената се однесува на модел Arona со ниво на опременост FR, мотор 1.5 TSI 150 кс, автоматски DSG менувач, Full LED и многу повеќе.
Највисокиот безбедносен рејтинг што возилото може да го добие преку Европската програма за проценка на нови автомобили.
Што и да сакаш, кога и да сакаш, каде и да си. Твојата нова SEAT Arona располага со техника која те одржува поврзан во мрежа и ти ја препушта контролата благодарение на Full Link, Keyless entry + go систем отклучување/заклучување и стартување на моторот без клуч, амбиенталното осветлување и безжичен полнач за мобилен телефон. Навикни се на тоа дека ти си главен.
FULL LED предни светла, LED дневни светла, LED задни светла, LED светло позади за осветлување на табличките, автоматско регулирање на висината на фаровите, амбиентално осветлување во пределот на нозете, LED амбиентално осветлување.
Направи го она што го сакаш.
Едни ги следат останатите, а други креираат свој пат. Новата SEAT Arona е твоето градско теренско возило создадено за оние кои се храбри. За оние кои со задоволство одат по својот пат. Целосно опремена со индивидуално оформени карактеристики, ја одржува врската меѓу агилното градско возило во теренски стил. Тоа е таа, подготвена за акција. Дали си подготвен и ти?
Убав нов свет
Отстрани го стресот за време на возењето со модерната технологија, како индукцискиот полнач и KESSY системот за затворање и стартување без клуч, за едноставно само да седнеш и да можеш да уживаш во секој момент од твоето возење.
Ти имаш контрола.
Каде и да патуваш, твојата SEAT Arona ти помага. Без разлика дали на отворен пат или при тешки маневри за излегување од место за паркирање, безбедносните опреми од најновата верзија на техниката те штитат тебе и лицата во твојата непосредна близина. Прави сè како и вообичаено. Ти си во најдобрите раце.
Остави впечаток
Новата SEAT Arona не само што поинаку ги прави работите, туку и сè прави со класа. Со комфор. Со впечатливи контури. Со особено голем внатрешен простор. Импресивна инструмент-табла и управувач. Средишно подреден 8" дисплеј. Сега ти си на ред.
Ослободи ја твојата храброст
Сакаш уште повеќе? Новата SEAT Arona ти го дава она што моментално ти треба ... ти олеснува, те прави попаметен и посекси. Има огромен избор на додатоци за Arona. За да можеш да ја обликуваш по твој вкус.