Ги гледаш кога доаѓаат.
При твоите маневри за време на возењето можеш целосно да се потпреш на нашата техника. Твојата нова SEAT Arona располага со систем за помош при мртов агол (Blind-Spot сензор), којшто те предупредува за возила кои се приближуваат, пред да ја промениш коловозната лента.
Биди храбар. Заштитен си.
Новата SEAT Arona има неколку специјални направи. Како на пример системот за набљудување на околината Front Assist. Ако автомобилот пред Вас наеднаш сопира, системот веднаш реагира и одржува безбедно растојание. Прилагодливиот уред за регулирање на брзината осигурува да се движиш со прилагодена брзина. На тој начин можеш да останеш фокусиран при константна брзина.
Одмори се.
Blind-Spot сензор со препознавање на напречен сообраќај
Сакаш да излезеш од место за паркирање на улица по која има сообраќај? Без грижи. Blind-Spot сензорот со препознавање на напречен сообраќај ја сопира твојата SEAT Arona ако пред тебе се наоѓа автомобил или каков било објект. Треба да се погрижиш само за тоа, на каде сакаш да продолжиш со возење.
Сопирачка со повеќекратен судир
Доколку дојде до судир , сопирачката за повеќекратен судир реагира со многу голема брзина и на тој начин спречува дополнителни судири. Но во секое време ти ја имаш контролата над твоето возило. Со оваа двојна заштита можеш постојано да бидеш опуштен.
Препознавање на умор
Дури и на најхрабрите понекогаш им е потребна пауза. Системот за препознавање на умор го набљудува однесувањето на возачот на твојата нова SEAT Arona, препознава кога си уморен и ти предлага да направиш пауза.
Треба да возиш по нагорнина? Ќе успееш во тоа.
Нагорнините не се во твој домен? Благодарение на системот за помош при поаѓање на нагорнини, тоа е лесно. Овој систем за помош го меморира и го снима твојот притисок на сопирачката, така што и на најстрмните патеки ќе можеш да поаѓаш без рачна сопирачка.
Врвен перформанс за интелигентни маневри.
Сакаш да паркираш наназад во тесно место? Новата SEAT Arona нема проблем ниту со препреките зад неа, ниту со улицата пред неа. Камерата за помош при возење наназад на дисплејот ти ја прикажува избраната коловозна лента, а системот за помош во управување при паркирање го прави останатото за тебе.
Фокусирано внимание.
Само концентрирајте се на патот. Вашиот дигитален кокпит го прави остатокот.